Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем?

Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење до хормонални промени. Во повеќето случаи, доволно е да направите мали промени во секојдневието за да се ослободите од овој проблем.

zoshto-kosata-vi-se-mrsi-chesto-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-01.jpg

Мрсната коса е проблем со кој се соочуваат многумина. Но, причината за оваа појава неретко не е поради лоша хигиена, туку други фактори.

Односно, ако косата ви се мрси веќе следниот ден кога ќе ја измиете, можеби треба да направите некои промени во секојдневието – од начинот на исхрана до негата на косата и скалпот.

Зошто се мрси косата?

Самата коса не произведува масла, туку се мрси од маслата што се лачат од скалпот.

Целата наша кожа, не само на скалпот, има пори, познати и како фоликули.

Од овие фоликули растат влакната, а во голем дел од нив се наоѓаат и жлезди кои лачат масла.

Целта на овие масла е да ја заштитат и навлажнат кожата, а спречуваат и појава на инфекции.

Ако не ја измиете косата неколку денови, овие масла ќе се акумулираат, па косата ќе стане мрсна.

Сепак, кај некои луѓе косата се мрси многу побрзо.

zoshto-kosata-vi-se-mrsi-chesto-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-03.jpg

Кои се причините за претерано мрсење на косата?

Некогаш жлездите на скалпот лачат премногу масла, што резултира со мрсна коса, дури и ден по миењето.

Постојат неколку причини за ова:

Хормонални промени. Жлездите што ги лачат маслата се контролирани од хормони. Па, кога има некаква промена во нивото на хормони, можно е да се лачат повеќе масла. Овие промени се најчести за време на пубертет, но можат да се јават и ако примате терапија со хормони, како контрацепција.

Генетика. Некои луѓе, едноставно, се родени со жлезди кои лачат повеќе масла.

Влажност на воздухот. Кога времето е многу влажно, влагата од кожата испарува побавно, па косата може да изгледа помрсна.

Стрес. И стресот може да има влијание врз хормоните, а ова да резултира со зголемено лачење масла од скалпот.

Многу ретко или многу често миење на косата. Ако ја миете косата многу често, ја сушите кожата на скалпот. Ова, пак, дава сигнал да се лачат повеќе масла, па резултатот е коса што се мрси побрзо. Очигледно, реткото миење на косата секако ќе резултира со мрсење.

Продукти за коса. Во некои случаи, и продуктите што ги користите можат да предизвикаат претерано мрсење на косата.

Начин на исхрана. Се претпоставува дека и лошиот начин на исхрана може да има влијание врз лачењето на маслата на скалпот.

zoshto-kosata-vi-se-mrsi-chesto-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-04.jpg

Како да се справите со многу мрсната коса?

Доколку причината за мрсењето на косата е проблем како стрес или хормонални промени, тогаш треба да се фокусирате на ова.

Во меѓувреме, можете да направите некои промени, вклучувајќи:

Мијте ја косата почесто или поретко

Во овој случај треба да експериментирате. Ако ја миете косата поретко, еднаш или двапати неделно, пробајте да ја миете малку почесто и набљудувајте дали ќе се реши проблемот.

Ако, пак, имате навика да ја миете косата секој ден, пробајте да ја миете барем преку еден ден и повторно набљудувајте дали ова ќе ви го реши проблемот.

Правилно користете го шампонот

Нанесете мало количество шампон и добро втријте го на скалпот со масирање. Внимавајте да не ги користите ноктите за да не ја оштетите кожата.

Повеќе фокусирајте се на скалпот – каде што има најмногу масти – отколку целата должина на косата.

Не е препорачливо да ги триете врвовите бидејќи можете да ги оштетите.

zoshto-kosata-vi-se-mrsi-chesto-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg