9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни)

Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само за во лето... Кои совети за убавина и хигиена од минатото денес се застарени?

9-soveti-za-higiena-i-ubavina-koi-se-zastareni-duri-i-shtetni-01_copy.jpg

Нашите мајки и баби низ годините ни пренесоа многу совети за убавина кои ги користиме и денес и на кои (слепо) им веруваме.

И, иако дел од нив се полезни, има и такви кои се толку застарени што се штетни - на пример дека косата треба да се мие само еднаш во неделата.

Кои се советите за убавина и хигиена кои се веќе застарени, па дури и штетни за луѓето?

Исцртајте ги усните со моливче една нијанса потемно од бојата на карминот

Иако со години било модерно бојата на моливчето да е за нијанса потемна од бојата на карминот, денес ова е застарено.

Ставете моливче преку целата уста па врз него додадете сјај или кармин.

Или ако сакате да ви бидат исцртани само линиите на устата, тогаш боите на моливчето и карминот нека бидат во иста нијанса за да не се двојат.

9-soveti-za-higiena-i-ubavina-koi-se-zastareni-duri-i-shtetni-02.jpg

Мијте ја косата еднаш во неделата

Сигурно сте слушнале (и сте го применувале) правилото на нашите баби - мијте ја косата еднаш во неделата или на 10 дена и таа ќе ви расте брзо и ќе биде погуста.

Денес, работите се сосема поинакви, па при миењето треба да се земе предвид типот на коса.

Ако имате густа коса, сува и со дебело влакно, која не се мрси лесно, тогаш да, можете да ја миете и на 5-6 дена.

Но, ако вашата коса е тенка, тогаш е препорачливо да ја миете на два дена за да не делува безживотна и мрсна.

9-soveti-za-higiena-i-ubavina-koi-se-zastareni-duri-i-shtetni-05.jpg

Жените со црвена коса не треба да носат црвен кармин

Старото правило гласи „Црвенокосите не треба да ставаат црвен кармин“.

Но, актерката Џесика Честејн покажа дека тоа не е вистина, само ако ја изберете вистинската нијанса, која ќе одговара на вашиот тен и косата.

9-soveti-za-higiena-i-ubavina-koi-se-zastareni-duri-i-shtetni-03.jpg

Кремовите со заштитен фактор се само за во лето

Експертите препорачуваат кремот со заштитен фактор да го користите секој ден, без оглед дали е лето или зима.

Изберете крем со најмалку SPF30 за лето, но тој може да е помал во зима.

И не заборавајте - освен на лицето, нанесете го на рацете, деколтето и сите делови од телото кои ви се изложени на сонце.

9-soveti-za-higiena-i-ubavina-koi-se-zastareni-duri-i-shtetni-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава