Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари)

Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата на сенката ќе биде поинтензивна и ќе се задржи подолго на капакот. Кои други едноставни и практични трикови за шминкање ќе ви го олеснат животот?

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-01.jpg

Шминката треба да ви го освежи лицето, да направи да изгледате помладо, попривлечно.

Но, многу жени колку и да се обидуваат, не успеваат рамномерно да ја размачкаат пудрата, да ги скријат темните подочници, не знаат како правилно да нанесат ајлајнер... Дали сте и вие една од нив?

Следниве трикови ќе ви го олеснат шминкањето, а ќе ви помогнат и да заштедите пари:

Кожа на лицето

Пудрата полесно се размачкува со сунѓерче отколку со четка. Така ќе можете да ги покриете сите делови, дури и оние каде што четката не може да фати.

Пред да ја нанесете пудрата, измешајте ја со хидратантен крем – на овој начин лицето ќе ви биде хидрирано во текот на целиот ден.

За да не изгледате бледо, изберете пудра или подлога со потемна нијанса од вашата природна боја на кожата. Врз ова нанесете малку камена пудра.

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-03.jpg

Делот под очите

За да ги скриете темните кругови под очите, подобро е да нанесете портокалова подлога наместо посветла нијанса од вашата кожа. Црвената боја ја неутрализира сината.

Ако подочниците ви се со зелена нијанса, пред да нанесете пудра, ставете розов прајмер – розовата ќе ја неутрализира зелената боја.

Подлогата под очите е подобро да ја нанесувате со прсти наместо со четка.

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-02.jpg

Веѓи

Наместо со специјален гел, веѓите можете да ги обликувате со проѕирна маскара, лак за коса, па и балсам за усни.

Ако сакате да им додадете боја на веѓите, наместо да купувате специјален гел, можете да користите сенка за очи.

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-04.jpg

Очни капаци

За сенката да има поинтензивна боја и да не ви се избрише веднаш, навлажнете ја четката со вода.

За очите да ви делуваат поголеми и посјајни, ставете малку седефеста сенка на внатрешната страна каде што се спојува окото, веднаш покрај носот.

Ако сакате да ставите црвена сенка на очите, а немате, на капаците можете да нанесете малку кармин или руменило.

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-05.jpg

Совршена линија со ајлајнерот

За да нацртате стрелка со ајлајнерот, која ќе биде рамномерна на двете очи - користете лажица.

Поставете ја дршката покрај очите за да ја исцртате долната линија, а со заоблениот дел на лажицата нацртајте го горниот дел.

Празнината меѓу горната и долната линија можете да ја пополните со црна сенка наместо со ајлајнерот.

Пред да нанесете ајлајнер, препорачливо е да го загреете за да добиете поинтензивна боја.

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-06.jpg

Усни

За карминот да ви трае подолго, преку усните ставете хартиено марамче и наместо да го натапкате со рацете, поминете преку устата со четка за руменило и малку камена пудра.

Ако ви здодеа старата боја на карминот, а не сакате да го фрлите, на устата прво нанесете малку течна пудра, а потоа карминот – на овој начин стариот кармин ќе добие нова нијанса.

mejkap-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-a-kje-zashtedite-i-pari-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава