За топлите денови – направете си спреј за фиксирање на шминката

За шминката да не ви се растопува по лицето во топлите денови, направете си го овој домашен спреј и носете си го во чанта за фиксирање на шминката на лице.

za-toplite-denovi-napravete-si-sprej-za-fiksiranje-na-shminkata-01.jpg

Овој спреј ја хидрира кожата и е добар за секакви типови кожа, а истовремено ќе ви биде сојузник во топлите денови.

На кожата ќе ви остави блескав финиш благодарение на природните состојки, а шминката ќе ви остане на лицето фиксирана цел ден и притоа ќе изгледате природно и свежо.

Потребно ви е:

  • Стаклено шишенце со спреј, 120ml
  • Мала инка
  • 2 лажици вода од роза или 2 лажици вода од краставица
  • 1 лажица филтрирана вода
  • 1 лажица гел алое вера
  • ½ лажица билен глицерин
  • 2 капки есенцијално масло по желба
  • По желба може да додадете и роза или краставица

Подготовка:

Со помош на инката истурете ги сите состојки во шишенцето, затворете со капаче и протресете за добро да се измешаат.

Откако ќе нанесете шминка, држете го шишето на растојание од 12cm од лицето и нежно шприцнете 2-3 пати на повеќе места.

Оставете спрејот малку да се исуши без да го допирате лицето. Смесата чувајте ја во фрижидер до две недели максимум.

za-toplite-denovi-napravete-si-sprej-za-fiksiranje-na-shminkata-2.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...

Најчитани неделава