Девојка од Данска престанала да ги средува веѓите и надусниците: „Не ми е гајле што мислат другите“

Елдина (31) од Данска, редовно добива навредливи пораки затоа што не сака да ги отстрани мустаќите и густите веѓи. Девојката вели дека се одлучила за овој изглед за да избегне неуспешни состаноци и лоши мажи.

devojka-od-danska-prestanala-da-gi-sreduva-vegjite-i-nadusnicite-ne-mi-e-gajle-shto-mislat-drugite-01.jpg

Пораснала во град во кој ригорозно се држат до нормите на женската убавина. Како што поминувале годините таа била сè повеќе фрустрирана заради притисокот кој се врши врз жените за очекувањата како треба да изгледаат за да бидат прифатени во друштво.

Во март минатата година решила веќе да не ги средува веѓите и да не ги отстранува влакната над усните.

„За разлика од мажите, од нас се очекува да трошиме многу повеќе време и пари за изгледот. Ако мажот не се бричи, никој нема да му коментира за тоа. Затоа одлучив да не си бидам критичар. На пример, порано не можев да замислам да излезам од дома со несредени веѓи, или да одам во теретана ако малку ми се подраснати влакната на нозете. Сега е поинаку.“ – изјавила Елдина.

Со прифаќање на себеси онаква каква што е, си ја вратила самодовербата и не ја интересираат туѓите коментари за нејзиниот изглед, иако многумина не го прифаќаат ова како соодветно.

„Воопшто не ми е гајле што мислат другите. Секој нека си прави што сака. Би сакала луѓето помалку да се замарааат со тоа како треба да изгледаат жените. Се случува на улица да ми пријдат непознати и да ми кажат дека им е драго што не сум иста како сите останати, но некои само викаат и ме вреѓаат.“

„Научив да бидам креативна и поотворена. Сепак внимавам каде одам затоа што луѓето знаат да бидат и агресивни заради мојот изглед. Сите сме различни и тоа е во ред. Нема правилно и погрешно. Секој има право да изгледа како што сака. Не сум ниту против бричење, ги поддржувам сите оние кои сами одлучуваат како да изгледаат.“ – вели Елдина.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...

Најчитани неделава