Правилно користете ја турпијата и уште 8 совети за здрави и цврсти нокти

Искористете ја моќта на лукот

Лукот е богат со селен – состојка што го поттикнува растот на ноктите и ги зацврстува.

Можете само да ги истриете ноктите со чешне лук, но ако мирисот ви е неподнослив, можете да си направите и купка.

Излупете две чешниња лук, изгмечете ги и оставете ги да отстојат во сад со вода околу 15 минути. Тргнете го лукот од водата и држете ги ноктите внатре 15-тина минути.

pravilno-koristete-ja-turpijata-i-ushte-8-soveti-za-zdravi-i-cvrsti-nokti-06.jpg

Масирајте ги дланките и прстите

Масажата на дланките и прстите може да го поттикне растот на ноктите, па кога нанесувате крем за раце, направете си и масажа.

pravilno-koristete-ja-turpijata-i-ushte-8-soveti-za-zdravi-i-cvrsti-nokti-07.jpg

Избегнувајте да ги користите ноктите како алатки

Сите имаме навика да ги користиме ноктите како алатки за отворање конзерви и слично. Но, со ова само ги оштетувате.

pravilno-koristete-ja-turpijata-i-ushte-8-soveti-za-zdravi-i-cvrsti-nokti-08.jpg

Обрнете внимание на исхраната

Разновидната и здрава исхрана е важна и за состојбата на вашите нокти.

Пробајте да внесувате храна богата со железо, калциум и витамини А и Е, како зелен лиснат зеленчук, јајца, јаткасти плодови и риба.

pravilno-koristete-ja-turpijata-i-ushte-8-soveti-za-zdravi-i-cvrsti-nokti-09.jpg

Доматите и маслиновото масло се одлични за ноктите

Слично како водата и лукот, и купката од домати и маслиново масло може да ги зајакне вашите нокти.

Во овој случај можете да употребите пасиран свеж домат или сос од домати, којшто ќе го измешате со малку маслиново масло.

Држете ги ноктите во смесата околу 15 минути, па темелно исплакнете со сапун и вода.

pravilno-koristete-ja-turpijata-i-ushte-8-soveti-za-zdravi-i-cvrsti-nokti-0.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кокосово масло за коса – за што служи, дали има негативни ефекти и како да го користите? Кокосовото масло е популарно и застапено во многу козметички производи, но и сам...
Сигурно некаде грешите – колку често (и како) треба да се туширате? Ако имате многу мрсна или многу сува кожа, најдобро немојте да се туширате секој...
Медуза опавче - хит фризурата за лето 2022 (и како да ја направите) За деновите кога ви е топло и се нервирате кога косата ви се лепи по вратот, ова...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg