„Мајка сум, имам целулит и стрии, но моите деца нема да го паметат тоа, туку миговите со мене“

Жена од Канада со искрени фотки од својот изглед порачува дека поважно е да уживате со своите деца, отколку да се грижите како изгледате во бикини. Се согласувате ли?

majka-sum-imam-celulit-i-strii-no-moite-deca-nema-da-go-pametat-toa-tuku-migovite-so-mene-01.jpg

Сара Никол Лондри од Канада е инфлуенсерка и мајка, која на својот Инстаграм профил ги охрабрува другите мајки да се ослободат од несигурностите и да се концентрираат на добрите работи во животот.

Таа објави низа фотографии на кои се гледа целулитот на нејзините нозе и масните наслаги на стомакот и порача:

„Moра да ви кажам што научив.

Фотографирајте се, почувствувајте го сонцето, размрдајте се, носете што сакате.

И јас кога се сеќавам на мојата мајка во детството, немам спомени за тоа дали таа имаше стрии, целулит или колку ѝ беше тесен струкот. Се сеќавам на нејзиното присуство и тоа ми беше доволно.

Уживајте со вашите деца. Не се оптоварувајте.“

Фотографии од Сара:

majka-sum-imam-celulit-i-strii-no-moite-deca-nema-da-go-pametat-toa-tuku-migovite-so-mene-03.jpg

majka-sum-imam-celulit-i-strii-no-moite-deca-nema-da-go-pametat-toa-tuku-migovite-so-mene-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 навики на девојките со мазна кожа, без целулит Во зимскиот период сите имаат навики за кои се каат на почетокот од летото кога ...
„Ова е моето лице со брчки, моите виснати гради, стрии“ - инфлуенсерка прикажува дека 'Инстаграм жив... „Запомнете дека тоа што го гледате онлајн не е баш реално. Тоа не се нашите тела...
7 бескорисни работи кои сите ги имаме дома Нема кој не наседнал на масовниот маркетинг и барем еднаш не купил работа која р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg