Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди на училиште“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-drugarite-na-sin-mi-go-navreduvaat-i-povreduvaat-ne-saka-da-odi-na-uchilishte-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Другарите на мојот син (11) го навредуваат и повредуваат. Му зборувале безобразно. Кога ќе им врати, тој завршува кај директорот (ни крив ни должен). Почна да одбива да оди на училиште…“

Одговор од психолог, Нина Тасевска:

Користењето навредливи зборови, пцости, навреди кои имаат за цел да го омаловажат, навредат или заплашат другиот и траат во континуитет подолго време, спаѓаат во категоријата вербално насилство или, во случајов, вербален булинг – врсничко насилство.

Булингот е честа појава, за жал, кај децата на училишна возраст и може да биде и во облик на физичко насилство (тепање, удирање), сексуално малтретирање, како и сајбер булинг (вербална тортура на социјалните мрежи).

Потребата за моќ, внимание, супериорност се најчеста причина детето да стане насилник. Други причини се и срединските околности – дом, семејство, друштво. Неретко, насилници се поранешни жртви на булинг.

Последиците и по жртвата, и по насилникот, како и опкружувањето се: нарушени социјални односи и атмосфера во училиштето, класот, последици по психофизичкото здравје и интегритет на сите, посебно на жртвата.

Освен навредите кои ученикот ги прима од врсниците, тој исто во случајов се соочува и со дискриминативно однесување од училишните авторитети.

Во ситуација кога детето се соочува со форма на отпор кон училиштето – отсуства, немање желба да учи, па и нуспојави како губење апетит, несоница, безволие за која било активност во која претходно уживал, што е сосема разбирливо, бидејќи булингот прави еден вид траума, најважно е:

- Родителот кој ја забележал појавата и промените кај своето дете да алармира во училишната психолошко-педагошка служба. Потребен е разговор со училишниот психолог кој потоа ја испитува целата ситуација.

Тука се земаат предвид сите инволвирани страни – и жртва и насилник и набљудувачи отстрана. Важно е да се разговара и со родителите на сите ученици, да се укаже на непожелното однесување и да се утврдат евентуалните причини од семејна природа.

- Разговор на детето со училишниот психолог. Многу е важно децата да бидат сослушани, разбрани.

- Во одредени случаи, службата заедно со директорот преземаат соодветни чекори и се поврзуваат и со други институции, но само доколку има потреба.

Доколку детето има отпор да оди во училиште, за да се реши ситуацијата во рамките на училиштето, тогаш родителот бара помош од психолог, кој ќе работи на тоа да се надмине стравот, бариерата кај детето и да се врати неопходната потреба од припадност во стимулирачка социјална средина, која во моментов ја гледа како закана.

Последно и најважно – како родители, тешки ни се страдањата на децата движејќи се низ социјализаторскиот процес, но мора да разбереме дека ние сè уште сме главниот елемент од системот на поддршка на детето и тие кои треба да најдат сили да му помогнат на своето чедо да се избори со тешките животни предизвици.

Разговарајте, охрабрете го, насочете го, толку колку што можете, умеете.

Доколку и вие во цел процес се чувствувате изморено, уплашено, демотивирано, најдете начин како да ја канализирате негативната енергија и чувства во разговор и поддршка од близок, работа на себе со стручно лице.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Нина Тасевска, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg