Најчестите симптоми на лајмска болест (што се добива од крлежи)

Лајмската болест се третира со антибиотици ако се забележи рано, па важно е да бидете свесни за симптомите, особено во сезоната на крлежи – инсектите што ја пренесуваат на луѓе.

najchestite-simptomi-na-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-01.jpg

Во пролет, кога сакаме да минуваме повеќе време надвор, една од најголемите опасности се инсектите.

Додека убодите од повеќето инсекти само предизвикуваат непријатно чешање, крлежите се сметаат за поопасни бидејќи можат да ве заразат со лајмска болест.

Важно е да знаете дека не секој крлеж ја пренесува болеста, туку само oние кои се заразени.

Лајмската болест е предизвикана од бактериите од видот Borreliea и може да се третира со антибиотици ако е дијагностицирана навреме. Токму и затоа е важно да бидете свесни за симптомите.

По убод од крлеж, веднаш одете на лекар доколку забележите некој од следниве симптоми:

Исип

Исипот што го предизвикува лајмската болест изгледа како црвена точка, околу која има црвен круг, односно личи на мета.

Овој исип може да биде блед и да не се познава на потемна кожа, а во 30% од случаите и воопшто не се појавува.

Исипот најчесто се појава околу 30 дена по убодот од крлеж.

najchestite-simptomi-na-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-02.JPG

Симптоми како на грип

Симптомите како треска, главоболка и болки по телото исто така можат да бидат предизвикани од лајмска болест.

Лесно е да ги игнорирате овие симптоми бидејќи ги чувствуваме сите кога сме настинати.

Но, ако сте имале убод од крлеж, подобро е да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека не станува збор за лајмска болест.

najchestite-simptomi-na-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-.JPG

Замор

Ненадејниот замор може да биде еден од првите симптоми на лајмска болест.

И ова е симптом што обично го занемаруваме, но одете на лекар ако го чувствувате по убод од крлеж.

najchestite-simptomi-na-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-04.JPG

Други видови исип

Иако поретко, лајмската болест може да предизвика и други видови исип, како црвенило или мали точки на кожата.

По убод од крлеж, не го игнорирајте исипот, без разлика како изгледа, и консултирајте се со лекар.

najchestite-simptomi-na-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-05.JPG

Може ли да се спречи лајмската болест?

Секогаш е полесно да ја спречите заразата со лајмска болест, односно добро да се заштитите од крлежи.

Ако одите на место со висока трева, носете долги панталони и затворени чевли – истото важи и за вашите деца.

Не допирајте улични мачки и кучиња, а доколку имате миленик, купете соодветно средство за заштита од паразити како крлежи.

Ако сте биле во природа, секогаш е препорачливо внимателно да проверите дали вие или вашите деца имате убод од крлеж.

Доколку, пак, забележите крлеж на вас, не пробувајте да го извадите сами, туку одете на лекар и внимавајте на симптомите што ги спомнавме.

Прочитајте и: Сезона на крлежи: Зошто овие паразити се опасни, што да правите при убод и како да се заштитите?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg