Србинка искрено за анксиозноста: „Таа е страшна кога нè стега, кога ни го забрзува дишењето, кога ни го замаглува погледот“
„Но, всушност, анксиозноста е исплашена верзија од нас самите што моли да ја чуеме. Анксиозноста не е нешто што треба да се победи. Таа е повик да застанеме, да се вратиме кон себе...“, вели Данијела Мартиновиќ од Србија.
Данијела Мартиновиќ од Србија е девојка која се изборила со својата анксиозност и која сега преку својот Инстаграм профил се обидува да им даде совети и на другите.
Преку профилот @АnksiozniОptimista таа споделува свои искуства и заклучоци за да им помогне на другите.
Овој терапевт и авторка отворено зборува за своето лично искуство со анксиозноста, а во нејзините зборови ќе се пронајдат многумина кои се соочуваат со истото.
Данијела на тема анксиозност вели:
„Анксиозноста е маѓепсан круг на сомнеж и барање докази.
Можеме да знаеме сè. Веројатно сме провериле сè. И сите ни велат дека со нас сè е во ред и дека сè е само „во нашата глава“.
Понекогаш им веруваме и чувствуваме олеснување, но пак доаѓа мислата: „А што ако овој пат не е така? Што ако нешто пропуштам?“
Тоа „што ако“ е како да ја допираме раната што со денови се обидуваме да не ја чепкаме за да заздрави. Една мисла и болката се враќа.
Ова што го чувствуваме не е слабост, туку анксиозност.
Длабока недоверба, страв дека ќе бидеме повредени, изневерени, измамени од сопственото тело ако го спуштиме гардот.
Зошто мозокот не верува, дури и кога сме се увериле многупати дека физички сме добро? Дури и кога сите околу нас нè уверуваат дека сме во ред?
Анксиозноста не доаѓа затоа што сме разгалени, опсесивни или слаби, туку затоа што сме научиле дека е побезбедно да сме на штрек, отколку во мир.
Затоа развиваме внатрешен радар за проверување, скенирање, гуглање, споредување, смирување и пак стравување.
Стравот не доаѓа од незнаење. Тој доаѓа од неможноста да поверуваме дека сме безбедни без цврст доказ.
А анксиозноста не ни дава докази, туку ни дава чувства кои можат да бидат лажни.
Го чувствуваме симптомот, не знаеме дали е вистински или резултат на анксиозноста, се обидуваме да се смириме, а во главата нè мачи мислата: „А што ако сега правам грешка што не реагирам?“ и сè почнува од почеток.
Нашето тело ни изгледа како закана. Тоа не е драматизирање, туку потреба за контрола таму каде што се чувствуваме немоќни. Очајно се обидуваме да ја надмудриме неизвесноста.
Но, сигурноста и мирот не се наоѓаат така.
Не ги добиваме со уште едно уверување дека сме добро, туку со зголемување на способноста да го издржиме чувството на несигурност.
Можеби нашето тело не е изворот на проблемот, туку гласник на нешто што подолго време било занемарено.
Можеби нашето проверување не е параноја, туку обид да го вратиме чувството на сигурност кое некогаш сме го изгубиле.
Можеби не се плашиме од болест, туку од невидливи рани за кои не сме ни знаеле дека ги имаме.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





