Исповед на девојка од Србија за животот со гранично растројство на личноста: „Се соочив со ментални проблеми на 12 години“
Што е гранично нарушување на личноста?
Психијатарката Татјана Влашковиќ објаснува дека граничното нарушување на личноста е едно од најтешките нарушувања во психијатријата.
„За сите нарушувања на личноста е карактеристично тоа што лицата најчесто немаат увид дека им е потребна помош, туку мислат дека проблемот е кај другите.
Ова нарушување се нарекува и емоционално нестабилно нарушување. Како што кажува и самото име, овие лица не можат да ги регулираат своите емоции.
Често преминуваат од една емоција во друга – од лутина и бес до длабока тага – без јасна надворешна причина.“

Лицата со ова нарушување често имаат тешкотии да се справат со одбивање и многу се чувствителни на тоа како другите ги доживуваат.
Причината за граничното нарушување на личноста може да биде генетска предиспозиција, но современите истражувања покажуваат дека често е последица и на тешка животна траума.
„Во периодот на развојот и адолесценцијата, овие деца и млади не знаат поинаку да ги изразат своите емоции.
Лекувањето е многу тешко, бидејќи и покрај терапијата често повторно се враќаат на старите начини на размислување.
Најчесто се лекува со психотерапија, а доколку постојат потешки симптоми – како депресија, анксиозност, самоповредување или суицидни мисли – потребни се лекови, а понекогаш и болничко лекување“.
Таа додава дека граничното нарушување на личноста не може целосно да се излекува, но со текот на годините симптомите често се намалуваат.
Со редовна психотерапија и соодветна медикаментозна терапија, лицата со ова нарушување можат да функционираат сосема нормално и да водат исполнет живот.
Погледнете ја емисијата со Ања:
С. С. | Црнобело