7 најголеми митови за вежбањето

Кога ќе се решите да вежбате, важно е да бидете упорни и сигурни во она што сакате да го постигнете. Потребно е и да бидете доволно информирани за се што е поврзано со вежбањето.

7-najgolemi mitovi za vezbanjeto

За вас издвоивме 7 митови на кои луѓето најчесто веруваат:

Мит број еден: Кардио-справата знае точно колку калории имате согорено

Ни лентата за трчање ни степерот не се видовити. Секако дека даваат сè од себе да дојдат до што поточен број на калории кои сме ги потрошиле, но овие справи не ја знаат композицијата на нашите тела (многу од нив не го ни земаат во предвид полот и телесната маса). Она што всушност го гледаме на екранчето е субјективна претпоставка и овие бројки варираат од справа до справа.

Мит број два: Жените би требало да се држат понастрана од теговите, во спротивно би изгледале како професионални борачи

Веќе кажано...ова не се случува преку ноќ. Секоја здрава девојка која практикува тренинг со оптеретување согласно со својата тренинг рутина – ќе согори повеќе калории!

Мит број три: Се додека посетувате теретана 30-45 минути, дозволено е да се јаде се што ќе посакате во преостанатиот дел од денот

Теретаната не може да ја победи лошата исхрана. Исто така, ефектите на вежбањето може да ги избрише и предолгото седење. Докажано е дека луѓето кои поминуваат подолго време во седечка положба се поподлежни на различни болести за разлика од оние кои редовно се движат.

Мит број четири: Вашата тежина кажува сè за Вас

ОК, подалеку од вагата. Вашата тежина не кажува сè за Вас и никако не е најдобар показател за вашата физичка подготвеност и изгледот. Без разлика дали ќе видите промена на вагата или не, вежбањето прави да се чувствувате подобро и да изгледате подобро, а допринесува и кон подобро здравје - генерално. Можеби на вагата се прикажува и некоја врзана вода во телото (од која можете да се ослободите доколку пиете што повеќе вода!). Исто така, телесната тежина варира различно во различни периоди од денот или месецот.

Мит број пет: Подолго вежбање со помал интензитет согорува повеќе калории

Вежбите со намален интензитет, како што е шетањето или возењето велосипед, се помалку стресни и напорни, но некој некогаш кажал голема и дебела лага кога рекол дека со напорното вежбање согоруваме јаглехидрати наместо масти. Погрешно. Што поинтензивно вежбаме, толку повеќе калории согоруваме. Толку едноставно!

Мит број шест: Нема болка - нема ни добивка.

Чувството на непријатност во текот на вежбањето е ОК и значи дека правите добра работа, но никогаш не би требало да чувствувате болка. Вежбајте паметно!

Мит број седум: Квалитетното истегнување ги спречува повредите.

Не. Заборавете на стандардните методи на истегнување и опуштање пред вежбање – можат да предизвикаат контраефект. Доколку премногу го опуштите своето тело, го ставате во опасност. Наместо тоа се препорачува малку поживо истегнување кое ќе го поттикне движењето.

Би можело да ве интересира:

„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg