5 правила со кои повеќе нема да имате жолти заби

Правилата за хигиена на усната шуплина налагаат миење на забите после секој оброк, но поради приликите и ситуациите кога тоа не е можно, се случува четката за заби да ја користиме само после будење или пред легнување. Но, одредени прехранбени навики може да помогнат забите да ги одржиме здрави и бели. Погледнете кои!

5-pravila-so-koi-povekje-nema-da-imate-zolti-zabi

1. Пијте чај
Црниот и зелениот чај содржат полифеноли, антиоксиданси чија вредност е во тоа што го ублажуваат таложењето на плак (жолти наслаги) на забите и така ја смалуваат можноста за создавање на кариес. Овие видови чај ќе го ублажат создавањето на лош здив бидејќи спречуваат развој на бактерии, кои се причинители на лошиот здив.

2. Избегнувајте јаглени хидрати во меѓу оброците
Кесичка чипс може да им наштети на забите еднакво како и парче колач. Сите јаглени хидрати се разложуваат на прости шеќери кои пак се претвораат во бактерии заслужни за создавање на кариес. Бидејќи се трансформираат во леплива маса, се вовлекуваат помеѓу забите и предизвикуваат заболувања на забите. Јаглените хидрати јадете ги исклучиво за време на оброците, односно со поголемо количество храна кога се произведува повеќе плунка која е задолжена за „миење“ на усната шуплина.

3. Пијте со цевка
Повеќето сокови и енергетски пијалаци (дури и оние диеталните и без шеќер) содржат лимонска киселина која ја уништува забната глеѓ. Ако пиете со цевка напитокот ќе го внесете во задниот дел од грлото и ќе има минимален контакт со забите.

4. Зголемете го внесувањето на Витамин Ц
Витаминот Ц покрај останатото го одржува и здравјето на забното месо. Оние кои дневно внесуваат помалку од 65 милиграми Витамин Ц (на пример еден портокал содржи 80 милиграми Витамин Ц) повеќе се подложни на заболувања на забното месо од оние кои редовно консумираат намирници кои го содржат овој незаменлив витамин.

5. Внесувајте барем 800 милиграми калциум дневно
Дури 99% од внесениот калциум во телото се вградува во забите и коските. Оние кои консумираат помалку од 800 милиграми калциум дневно имаат поголем ризик од заболување на забното ткиво. Калциумот помага да се задржи цврстината на забната коска, а тоа ги држи забите на место. Препорачана количина за внесување на калциум кај жените е 1000 милиграми, кај помладите од 50 години и 1200 милиграми кај тие повозрасни од 50 години.

Би можело да ве интересира:

Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg