Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите?

Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири и по телото. Честото лижење на устата може да ја влоши состојбата. Што се жвали, зошто се појавуваат и како се лекуваат?

ispukani-agli-na-ustata-zvali-zoshto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-izlechite01.jpg

Аголниот хелитис или помеѓу народот познато како жвали, е кожна состојба која предизвикува болка и воспаление во еден или двата агли на устата. 

Воспалението е придружено со црвенило, оток, пукнатини и болка. 

Аголниот хелитис не е болест, туку симптом на нешто друго и може да се јави на која било возраст.

Доколку аголниот хелитис не се лекува, инфекцијата може да се прошири по телото.

Сепак, важно е да се знае дека оваа состојба не е заразна и не се шири на други луѓе. 

Поради ризикот од инфекција, лекарот треба да ја утврди причината за воспалението за да го третира правилно.

ispukani-agli-na-ustata-zvali-zoshto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-izlechite-02.jpg

Симптоми

Симптомите се видливи на рабовите и аглите на усните каде се појавува:

  • црвенило;
  • крварење;
  • оток;
  • пукање;
  • красти или плускавци;
  • чешање;
  • чувство на печење на усните или во устата;
  • чувство на суви и испукани усни;
  • тешкотии при јадење како резултат на иритација;
  • лош вкус во устата.

ispukani-agli-na-ustata-zvali-zoshto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-izlechite-07.jpg

Причини за појава на аголниот хелитис

Иако точните причините за појава на аголен хелитис не се конкретни, постојат некои фактори кои можат да придонесат за развој на оваа состојба:

Влага или недостаток на влага

Недостатокот на влага и прекумерното навлажнување и лижење на аглите на усните може да создаде идеална средина за раст на габи или бактерии, што може да предизвика воспаление на кожата на аглите на усните. 

Кај постарите луѓе или луѓето на кои им недостасуваат повеќе заби, долната третина од лицето се собира и се појавуваат длабоки бразди во аглите на усните, кои се погодно место за развој на жвалите.

Недостаток на витамини

Недостатокот на витамини Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин) и железо може да придонесе за појава на аголен хелитис.

Често, долгорочното присуство на жвалите е знак дека пациентот е анемичен.

Лоши навики во исхраната

Неправилната исхрана, особено недостатокот на витамини и минерали, може да го ослабне имунолошкиот систем и да го зголеми ризикот од аголен хелитис.

Слаб имунитет

Луѓето со ослабен имунолошки систем, како што се луѓето со дијабетес или ХИВ, се изложени на поголем ризик да ја развијат оваа состојба.

ispukani-agli-na-ustata-zvali-zoshto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-izlechite-4.jpg

Начин на лекување

Третманот на аголниот хелитис обично бара комбинација од промени во навиките и примена на соодветни креми, a може да се држите до следните совети во консултација со лекар:

Одржување на хигиена

Редовното чистење на аглите на усните со благи производи за одржување на хигиената на кожата на лицето може да спречи таложење на бактерии или габи.

Правилна исхрана

Внесувањето витамини и минерали, како и храна богата со витамини Б2, Б3 и железо, може да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Локални креми

Вашиот стоматолог или дерматолог може да ви препорача соодветни креми кои содржат антифунгални или антибактериски компоненти.

Избегнување на лоши навики

Престанете со лижењето на усните за да се намали иритацијата на кожата.

Цигарите исто така можат да бидат прчинители за појавата на жвали.

Посетете доктор

Доколку состојбата не се подобри, од суштинско значење е посетата на стоматолог или дерматолог за да се добие точна дијагноза и соодветен план за лекување.

ispukani-agli-na-ustata-zvali-zoshto-se-pojavuvaat-i-kako-da-gi-izlechite-5.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg