Идеи за супер здрав појадок

Појадокот е најважниот оброк во денот и вреди да вложите малку повеќе време за да си обезбедите висококвалитетна храна која ќе ви ја даде потребната енергија, а нема лошо да влијае на вашето здравје.

idei-za-super-zdrav-pojadok-01

Затоа, одвојте неколку минути секое утро и подгответе си здрав појадок.

Ако само малку ги промените своите навики и вложите повеќе труд, ќе се храните здраво без оглед на брзиот современ живот и преоптеретеното секојдневие. Обидете се и ќе се чувствувате поздрави и подобро расположени.

Корисни совети кои ќе ви заштедат време, а се во корист на вашето здравје

- Направете мешавина од овесни снегулки и суво овошје и запакувајте ги во мали кесички. Држете ги на посебно место во кујната, секогаш нека ви бидат на дофат и подгответе ги кога ќе бидете во најголемата гужва. Промешајте ги со јогурт или млеко и уживајте во брзиот здрав појадок.

- Подгответе си брз сендвич со леб, павлака, шунка и зеленчук или пак во слатка варијанта – лепче со малку путер и мармалад. Ако не сакате да појадува одма штом станете, овие сендвичи се лесни за пакување и носење на работа.

- Кога веќе ќе појадувате, задолжително понесете со себе и овошје. Три часа по појадокот е одлично време за витаминска ужина. Јаболкото, портокалот или бананата спакувајте ги соодветно и понесете ги во чантата.

- Секогаш на дофат имајте енергетски плочки од житарици. Во кола, во чанта, во канцеларија... Надокнадете ја енергијата во било кој дел од денот со ваков десерт.

idei-za-super-zdrav-pojadok-1

Предлози за брз и здрав појадок

- Сендвич со путер и мармалад, шолја јогурт или овошен сок (1 минута подготовка)

- Корнфлекс или мусли со сушено овошје во 200 гр бесмастен јогурт или овошен сок (1 минута подготовка)

- Варено јајце, парче шунка, леб, чај (5 минути подготовка)

- Сендвич со нискомасна павлака, шунка и зелена салата или домат, чај или јогурт (2 минути подготовка)

idei-za-super-zdrav-pojadok-2

Подгответе здрав оброк на работа

- Сендвич од интегрален леб со туна или ситно сечкано пилешко, со многу салати во него и наместо мајонез користете лесни намази

- Сендвич полнет со домашно подготвена руска, пилешка или салата по ваш избор

- Доколку нарачувате храна, секогаш одбирајте високо енергетски производи. Многу зеленчук во комбинација со малку месо или риба е одлична комбинација

idei-za-super-zdrav-pojadok-3

Намирници кои секогаш мора да ги имате во кујна за да се храните здраво

- Јогурт

- Овошен сок

- Сечен леб

- Шунка

- Нискомасна павлака

- Мармалад

- Корнфлекс/мусли

- Енергетски плочки од овесни снегулки

- Сезонско овошје

- Свеж зеленчук

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg