5 здравствени проблеми во текот на летото

Немојте да барате спас од жештината во студените напитоци, или претерано климатизираните простории бидејќи тоа може да му наштети на здравјето. Ако температурата надвор надминува 30 степени, а вие влезете во климатизирана просторија, организмот нема да може за кратко време да се адаптира на таквата нагла промена и ќе доживее шок.

5-zdravstveni-problemi-vo-tekot-na-letoto

Лекарите секое лето повторуваат дека треба да го избегнуваме штетното сончево зрачење, дехидратацијата, топлотниот удар и сончаницата, но предупредуваат и на опасноста од претерано и несоодветно разладување.

Прочитајте од кои студени „замки“ треба да се чувате во текот на летото.

1. Чувајте се од промаја

Кога сте испотени, немојте да правите промаја во просторијата во која што се наоѓате, ниту во автомобилот за време на возењето. Воздухот што струи ве освежува само краткотрајно, а може да ви донесе бројни проблеми како кивање, кашлица, болки во ушите, вртоглавица, вкочанетост на вратот, рамениците или грбот. Промајата бргу ја лади кожата и ги надразнува нервите поради што може да дојде и до поголеми компликации.

Совет: Немојте да седите на промаја. Кога ја проветрувате просториајта или автомобилот, излезете за кусо.


2. Внимавајте каде седнувате

Седењето или лежењето на студени површини, особено во воден костим за капење, го сголемува ризикот од воспалување на мочниот меур. За ова особено треба да поведат сметка припадничките на понежниот пол.

Совет: Ако немате резервен костум за капење кој би го облекле по излегувањето од вода, седете на сонце додека не се исушите.


3. Прво туш, потоа базен

Топлината ги шири крвните садови, а студот ги стеснува. Поради тоа не треба да влегувате во вода веднаш по сончањето. Наглото разладување на телото може да предизвика колапс на кардиоваскуларниот систем, а особено може да биде опасно за оние што имаат проблеми со срцето и со циркулацијата.

Совет: Ако подолго време сте биле на сонце, истуширајте се пред да влезете во вода. Ако нема туш, тогаш во вода влегувајте постепено.


4. Нагли промени на температурата

Ако температурата надвор го надминува триесеттиот степен, а вие влезете во климатизирана просторија, органзимот нема да може во краток временски период да се адаптира, па така наглата промена ќе предизвика шок. Како последица на долготрајниот престој во претерано разладена просторија би можело да дојде до вкочанетост на мускулите, настинка, засипнатост.

Совет: Разликата во температурата на климатизираната просторија и надворешната температура не смее да биде поголема од шест степени.


5. Сок да, но без мраз

Премногу разладените пијалаци преставуваат температурен шок за слузницата на грлото и гласните жици, па затоа се јавува засипнатост, гребење на грлото и болка при голтањето. Водата од фрижидер и напитоците со многу мраз не се добри за желудникот затоа што го успоруваат варењето. Ваквиот вид на разладување за време на летните денови особено треба да го избегнуваат оние што страдаат од гастрит, чир на желудник или на цревата.

Совет: Разладуавјте се умерено. Пијте течности на собна температура, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, минерална вода и млаки незасладени чаеви.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg