Со јогурт против инфекции

Стрес, неурамнотежена исхрана, стареењето и антибиотиците ги уништуваат добрите бактерии во желудникот. Така се создаваат проблемите со...

 

...варењето и со надуен стомак. За да ги отстраните овие непријатности, најдоро би било да му помогнете на својот организам повторно да го создаде добрите бактерии во желудникот. so-jogurt-protiv-letni-infekcii1

Како? Со помош на јогуртот, посебно оние кои имаат додаток на пробиотик. Овој млечен напиток е посебно важен за организамот за време на летниот период кога цревните инфекции и труењата со храна се многу почести и кога поради високите температури многу луѓе го губат апетитот.

Најповеќе добри бактерии се наоѓаат во јогуртот кои се збогатени со пробиотици, тврдат универзитетските истражувачи. Тие велат дека токму јогуртот е еден од најздравите прехрамбени производи кои можете да ги нјадете на пазарот.

Иако долго време и докторите беа скептици околу хранливоста на јогуртот и неговото влијание на здравјето, последните истражувања сепак докажуваат дека пробиотичкиот јогурт помога околу контрола на тежината.

Исто така, пробиотиците помагаат во лечењето на астмата и различни инфекции, корисни се и делуваат антисептички кај воспаление на плуќа, дури можат да ги победат симптомите на некои алергии.

Стручњаците препорачуваат - седум дена пред да заминете на летен одмор, почнете да внесувате добри бактерии во организамот и бидете безбедни и опуштени при одморот.

Пробиотиците се живи микроорганизми кои внесени во поголеми количини, благотворно делуваат на човечкиот организам, подобрувајќи ги својствата на природниот микрофлорошки систем за варење. Отпорни се на желудниот сок, па затоа неоштетени доаѓаат до цревата.

Би можело да ве интересира:

Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg