Слабејте здраво и едноставно

slabejte-zdrav-i-ednostavno-povekjeДоколку имате проблем со вишокот на килограми, научниците советуваат како да слабеете со помош на одредена храна. Спроведеното истражување...

...покажало дека појадокот е тој кој го раздвижува метаболизмот и многу е важно да не се пропушти овој оброк.

Доколку сакате да ослабете, за појадок јадете јајца  кои се високо калорични и поради тоа во текот на денот ќе немате голема потреба за внесување на калории.

За да ослабете потребно е во организмот да се внесува и млекото кое е богато со калциум кој игра голема важност во процесот на слабеењето. Исто така млекото изобилува со витаминот Д кој помага во подобрувањето на slabejte-zdrav-i-ednostavnoметаболизмот.

Шпарглата е нискокалоричен зеленчук кој помага во елиминирањето на вишокот на течноста од телото и помага во подобрување на метаболизмот и го регулира системот за варење.

Зелената салата исто така се применува при слабеењето пред се затоа што има само шест калории, а хранлива е и помага во елиминирањето на течностите од организмот

Целерот е нискокалоричен зеленчук и помага во согорувањето на калориите и е идеален доколку сакате да изгубите од тежината.

Пилешкото и месото од мисирка содржат протеини кои се заслужни за изградбата на мускулното ткиво. Истражувањата покажаа колку повеќе мускули имате толку повеќе ги согорувате мастите.

Само едно јаболко дневно доволно е да ги задржите мастите подалеку од вас. Едно од спроведените истражувања докажува дека луѓето кои пред главниот оброк јадат јаболко согоруваат повеќе калории од оние кои не го конзумираат ова “рајско овошје“

Портокалот не само што е освежително овошје, тој помага во согорувањето на калориите и ги разградува мастите во организмот.

Бадемите освен што се вкусни и полни со протеини помагаат за стабилизирање на шеќерот во крвта а исто такво дејство имаат и оревите.

Најважно е да конзумирате што повеќе течности. Бројни испитувања  го потврдиле  дејството на водата во процесот на слабеењето и со внесувањето на течноста во организмот се забрзува метаболизмот и се исфрлаат токсините од телото.

Би можело да ве интересира:

Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...
Прашувам за пријателка: „Зошто вагината ми мириса чудно?“ „Ако вашата вагина одеднаш почне да мириса на риби, а притоа се промени изгледот...
10 мали животни промени со кои ќе ги намалите симптомите на анксиозност Пијте чај од камилица, дишете длабоко и бидете што е можно поактивни – Некои нав...
Паркинсонова болест - симптоми, лекување и како да живеете со неа? Знаци на Паркинсонова болест се обично вкочанетост и побавни движења, а состојба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg