Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути?

Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме нашиот ум и да заспиеме. Сепак, еден трик за спиење развиен од војник може да биде одговор на овој проблем. 

trik-za-spienje-razvien-vo-vojskata-kako-da-zaspiete-za-2-minuti-001.jpg

Во денешниот свет со брзо темпо, заспивањето може да биде предизвик, а секојдневните обврски можат да предизвикаат несоница. Има многу техники за спиење, а техниката од 2 минути која првично била опишана во книгата Relax and Win: Championship Performance од Лојд Бад Винтер, велат дека навистина помага.

Лојд ја користел оваа техника за спиење додека бил во војска. Потоа, почнале да ја практикуваат и други, а во последните години е популарна и помеѓу корисниците на ТикТок.

Оваа техника ви овозможува да ги смирите вашето тело и ум, да се опуштите и да го релаксирате секој дел од телото - од глава до пети.

Ова се чекорите:

Опуштете се

Започнете со релаксирање на мускулите на челото. Фокусирајте се на нив. Потоа на очите, образите, вилицата и фокусирајте се на дишењето.

Потоа спуштете се до вратот и рамената. Погрижете се вашите рамена да не се напнати. Спуштете ги колку што можете пониско и држете ги рацете релаксирани покрај телото.

Потоа замислете топлина која оди од врвот на вашата глава до врвовите на прстите на дланките.

Почнете да дишете длабоко, да ги релаксирате мускулите од градите надолу до стапалата, а потоа повторно замислете ја топлината низ телото, но овојпат од срцето до прстите на нозете.

trik-za-spienje-razvien-vo-vojskata-kako-da-zaspiete-za-2-minuti-02.jpg

Дишете 

Погрижете се вашите рамена и раце да останат опуштени. Видешете длабоко, полека издишувајќи. Направете го ова неколкупати.

Исчистете го умот

Сега, додека го правите ова, навистина е важно да го исчистите умот од какви било стресови.

Замислете си едно од овие две сценарија: Како лежите на ливада опкружена со чиста езерска вода или како лежите сами во соба.

Додека го замислувате тоа, ако почнете да размислувате за нешто друго, повторувајте ги овие зборови 10 секунди: „Не размислувај. Не размислувај. Не размислувај“.

trik-za-spienje-razvien-vo-vojskata-kako-da-zaspiete-za-2-minuti-03.jpg

Оваа техника можеби звучи премногу добро за да биде вистинита. Но, според д-р Сањив Котаре, специјалист за спиење и шеф на педијатриска неврологија во Детскиот медицински центар Коен во Њујорк, можно е да се тренирате да заспиете побрзо користејќи ја оваа техника.

Тој исто така советува:

„Не обидувајте се да заспиете кога не сте уморни. Мора физички да се изморите. Ако вашето тело не е изморено, нормално е да не ви се спие рано. Дајте му го на телото она што го бара.

Се разбира, ова не важи за вооружените сили кои се обидуваат да спијат во моменти под стрес. Исто така, асоцирајте го креветот само со спиење. Ако сакате да читате книга, читајте на друго место во домот.

Никогаш не гледајте телевизија пред спиење, а особено немојте да јадете во спалната, бидејќи тогаш креветот го поврзувате со кујна и храна, што нема никаква поврзаност со сонот“.

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg