Прашувам за пријателка: „Зошто вагината ми мириса чудно?“

„Ако вашата вагина одеднаш почне да мириса на риби, а притоа се промени изгледот на вашиот исцедок, тоа може да е сигнал на некаква инфекција“, вели Д-р Лејла Фродшам, гинеколог и портпарол на Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози на Велика Британија.

prashuvam-za-prijatel-dali-vaginata-mi-mirisa-chudno-01_copy.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде што луѓето поставуваат прашања анонимно, бидејќи им е незгодно да зборуваат јавно на одредени теми.

Eдно од прашањата од читателите гласи: „Зошто вагината ми мириса чудно?“

Секоја вагина има свој уникатен мирис. Но, таа не треба да мириса на алое вера или лаванда, и покрај тоа што производите кои се нудат на пазарот се со различни и свежи мириси, или што производителите на овие препарати сакаат да ве убедат дека по нивната употреба мирисот на вагината ќе се смени.

Важно е да знаете дека мирисот на вашата вагина најверојатно ќе се промени кога имате менструален циклус и тоа не е нешто за што треба да се грижите.

Но, ако забележите ненадејна промена во природниот мирис на вагината, особено ако мириса „кисело“, најверојатно треба проверите дали е сè нормално.

„Во вагината има деликатни и здрави бактерии за баланс, кои помагаат таа да се ослободи од инфекции како што се дрозд или бактериска вагиноза“, вели Д-р Лејла Фродшам, гинеколог и портпарол на Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози на Велика Британија.

prashuvam-za-prijatel-dali-vaginata-mi-mirisa-chudno-03.jpg

Ненадејна промена на мирисот на вагиналниот исцедок може да укаже на инфекција.

„Ако вашата вагина одеднаш почне силно да мириса на риби, а притоа се промени изгледот на вашиот исцедок, тоа може да е сигнал на некаква инфекција“, додава таа.

Што може да предизвика чуден мирис на вагината?

Двајцата најчести „виновници“ се бактериската вагиноза или трихомонијазата (која е сексуално пренослива инфекција).

Симптоми, причини и третман на бактериската вагиноза

„Бактериската вагиноза е честа генитална инфекција предизвикана од нерамнотежа на организмите што живеат во вагината“, вели Џон Батлер, медицински директор на Фондацијата „Лејди Гарден“ за Metro.co.uk.

„Тоа е најчеста причина за абнормален вагинален исцедок кај жени кои се во предменопауза и не се класифицира како сексуално пренослива инфекција. Но, жените се изложени на зголемен ризик доколку се сексуално активни“, вели тој.

prashuvam-za-prijatel-dali-vaginata-mi-mirisa-chudno-04.jpg

Бактериската вагиноза може да биде предизвикана и од вагинално туширање, користење вагинални дезодоранси, спирала, пушење или менструација.

„Класичните симптоми на бактериската вагиноза се вагинален исцедок со мирис на риба, обично без болка или чешање. Но, половина од жените немаат никакви симптоми“, вели тој.

Д-р Лејла додава дека бојата и конзистентноста на исцедокот може да се променат, а дека мирисот најлесно може да се забележи по секс.

„Бактериската вагиноза може лесно да се лекува со антибиотици, но, треба да посетите гинеколог ако мислите дека имате проблем“, вели таа.

Нејзина препорака е и да престанат да се користат мирисливи вагинални сапуни и дезодоранси, бидејќи тогаш е помалку веројатно да се повтори проблемот.

prashuvam-za-prijatel-dali-vaginata-mi-mirisa-chudno-02.jpg

Симптоми, причини и лекување на трихомонијазата

Трихомонијазата е сексуално пренослива болест која може да предизвика необичен исцедок од вагината, кој може да биде густ, тенок или пенлив, со жолто-зелена боја.

„Вагиналниот исцедок предизвикан од трихомонијаза има непријатен мирис на риба. Други симптоми на трихомонијазата може да вклучуваат и болка, оток и чешање околу вагината и болка или непријатност при мокрење или секс“, вели доктор Лејла.

Трихомонијазата се открива преку брис, а може ефикасно да се третира со антибиотици.

Во суштина, ако вашата вагина навистина мириса чудно, не грижете се, нема причина да се срамите. Сè што треба да направите е да посетите гинеколог, а тој ќе открие што ви е и ќе ви препише соодветен третман.

А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg