Најдобрите 4 рецепти за смути кои треба да ги знаете

najdobrite-4-recepti-za-smuti-koi-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Свежо овошје и зеленчук, моќен блендер и малку знаење. Толку ни е потребно за да направиме здрава револуција во нашето секојдневие.

Смутито е насекаде: во големите молови, кафе баровите, па дури и во рестораните за брза храна. Сепак, овие смутија најчесто направени со висококалорично млеко, продукти од соја со сомнително потекло, т.н. енергични „здрави“ додатоци кои се преполни со шеќери. Токму овие смутија прават поголемо лошо отколку добро за нашето здравје.

Поради тоа смутито кое што ќе си го направиме дома е најздравиот пијалак кој што позитивно влијае на нашето здравје, го подобрува нашиот имунитет, а ќе ни помогне и да го подобриме нашето расположение. Најважно е производите кои што ќе ги користиме во рецептите да бидат свежи. Токму поради тоа се препорачува да употребуваме сезонско овошје и зеленчук.  

Важни совети:

1. Инвестирајте во моќен блендер со најмалку 800-ватен мотор (блендерите на Philips се совршени за сите видови на здрави смутија)

2. Слободно можете да користите и замрзнато овошје и зеленчук

3. Никако не ставајте шеќер или мед - Грешка која сите ја правите е додавање на шеќер или мед откако смутито е готово. Веднаш престанете со таквата навика бидејќи овој пијалак би требало да е здрав и без шеќери.

4. Без млеко - Не правите милкшејк за да ставате млеко, туку смути, а неговиот вкус секогаш треба да биде кремаст, не течен, што значи дека наместо млеко треба да ставите ниско маслен јогурт кој ќе му ја даде таа густа текстура. Сепак, најдобро е да користите вода.

5. Користете овошје што го јадете постојано - Без разлика за каков вкус на смути ќе се одлучите, секогаш користете го веќе испробаното овошје кое го јадете постојано.

Банана со замрзнати јагоди

najdobrite-4-recepti-za-smuti-koi-treba-da-gi-znaete-1.jpg

  • 1 шолја кокосово млеко
  • 1 банана
  • 1 круша
  • 10-на замрзнати јагоди

Подготовка: Ставете ги сите излупени состојки во Philips моќниот блендер и блендирајте додека не добиете соединета смеса.

Освежително смути со бобинки

najdobrite-4-recepti-za-smuti-koi-treba-da-gi-znaete-2.jpg

  • 1  Банана
  • 1/2 шолја малини
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја боровинки

Подготовка: Ставете ги сите состојки во Philips моќниот блендер и блендирајте додека не добиете соединета смеса.

Зимско зелено смути за енергија

najdobrite-4-recepti-za-smuti-koi-treba-da-gi-znaete-3.jpg

  • 1 морков 
  • 2 портокали
  • 1 шолја спанаќ 
  • Малку брокула
  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • Една шолја вода

Подготовка: Ставете ги сите излупени состојки во Philips моќnниот блендер и блендирајте додека не добиете соединета смеса.

Овошно смути за секое утро

najdobrite-4-recepti-za-smuti-koi-treba-da-gi-znaete-4.jpg

  • 1/2 шолја замрзнати вишни
  • 1/2 шолја замрзнати јагоди
  • 1/2 шолја замрзната аронија
  • 2 банани
  • 1 портокал

Подготовка: Ставете ги сите излупени состојки во Philips моќниот блендер и блендирајте додека не добиете соединета смеса.

Додатоци:

Можеме да користиме секаков вид на јаткасти плодови. Лешниците и бадемите содржат многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот. Лешникот и бадемот го намалуваат крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето. Поради тоа можете да ги вклучувате во било кој рецепт за здраво смути.

 najdobrite-4-recepti-za-smuti-koi-treba-da-gi-znaete-5_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Како да се ослободите од херпесот на уста? Трикови за брзо и ефективно лекување Досадниот херпес на уста може да биде многу заразен и лесно да се пренесе на дру...
Како да се заштитите и разладите за време на топлотен бран? Знаевте ли дека лутата храна може да ви помогне да се разладите? Како да ги преж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg