Колку долго треба да стоите на сонце во лето за да добиете топлотен удар (и кога е смртоносен)?

По само 10 минута на сонце без соодветна заштита може да ви се јават изгореници на кожата. По 30-тина минути, пак, може да се соочите со топлотен удар ако не пиете вода и ако температурите се екстремно високи.

kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen-01.jpg

Уште пред почетокот на летото се соочивме со температури и до 35 степени Целзиусови, а метеоролозите прогнозираат дека можеме да очекуваме топлотни бранови со температури и до 40 степени Целзиусови.

Екстремно високите температури не се ризик само за постарите и лицата со здравствени проблеми, па во многу топлите денови, важно е да водите грижа за себе.

Високите температури може да бидат причина за топлотен удар, проблеми со срцето, а во некои случаи и смрт.

Колку подолго престојувате на сонце на екстремно високи температури, толку повеќе си го зголемувате ризикот од разни проблеми.

Па, колку брзо ќе почнете да го чувствувате влијанието на жештината кога сте на сонце на екстремно високи температури?

За 10-тина минути – изгореници од сонце

Многу луѓе уште немаат навика да користат кремови со заштитен фактор, освен ако не се на плажа.

Но, престојот на сонце кога УВ индексот е висок, во некои случаи може да предизвика изгореници и за помалку од 10 минути.

Вие нема веднаш да ги забележите изгорениците бидејќи им треба време да се развијат.

Исто така, можеби и нема да чувствувате болка или чешање, но тоа не значи дека сонцето не предизвикало штета на кожата.

Покрај тоа, изгорениците од сонце имаат влијание врз регулирањето на температурата на телото.

И, не заборавајте дека со секоја изгореница, кожата старее побрзо, а се зголемува и ризикот од рак на кожа.

Затоа, никако не излегувајте надвор без фактор за сонце. Притоа, не го нанесувајте само на лицето, туку на секој дел од телото што ќе ви биде изложен на сонце.

kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen-03.JPG

За 15-тина минути – топлотна исцрпеност

Таканаречената топлотна исцрпеност е состојбата што му претходи на топлотниот удар.

Ова може да се случи и по само 15 минути престој на отворено на екстремно високи температури.

Температурата на телото почнува да се зголемува, а вие може да почнете да чувствувате симптоми како гадење, вртоглавица, слабост во мускулите, потење, раздразливост и збунетост.

Топлотната исцрпеност е особено ризична за бебиња и мали деца.

Ако забележите кој било од овие симптоми, важно е да се тргнете од сонце и да влезете во разладена просторија.

kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen-02.JPG

Од неколку минути до неколку часови – топлотен удар

Ако се соочувате со топлотна исцрпеност, но се разладите за 30-тина минути, тогаш не би требало да се соочите со посериозен проблем.

Но, ако не ви е добро и по половина час, важно е да побарате помош.

Тоа значи дека се соочувате со топлотен удар – состојба кога телото не може да си ја регулира температурата.

Симптомите вклучуваат сува кожа, проблеми со одење, збунетост, дезориентација… Може да се појави и забрзан пулс и забрзано или отежнато дишење.

Топлотниот удар може да се случи одеднаш или да се развива во текот на неколку часа, па и денови.

Иако се случува ретко, топлотниот удар може да доведе и до смрт.

kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen-04_copy.JPG

По 30-тина минути – дехидратација

Важно е да пиете доволно течности во текот на денот, особено во лето, кога температурите се високи.

Дехидратацијата може да ви го загрози животот, особено ако сте повозрасни.

Кога сте на сонце на многу жешко време, телото може да почне да дехидрира по 30-тина минути, до неколку часа.

Ако не пиете вода, може да почнете да чувствувате замор, жед, вртоглавица… Лесно можете да го спречите ова ако со себе секогаш носите шише со вода.

kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen-06kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen.JPG

Кога настануваат смртни случаи од топло време?

Некогаш за време на многу силни топлотни бранови има и жртви.

Но, ова не се случува веднаш по изложеноста на сонце – луѓето умираат ден-два или повеќе подоцна откако се соочиле со топлотен бран.

Треба да се нагласи и дека обично ова се лица постари од 65 години, а смртта доста често е предизвикана од влијанието на жешкото време врз нивниот кардиоваскуларен систем.

Кога телесната температура е превисока, ова ги оптоварува срцето и кардиоваскуларниот систем, кои кај постари лица веќе се ослабнати.

kolku-dolgot-treba-da-stoite-na-sonce-vo-leto-za-da-dobiete-toploten-udar-i-koga-e-smrtonosen-05.JPG

Исто така, смртта може да биде предизвикана и од тромб – дехидратацијата ја згуснува крвта, а ова го зголемува ризикот од згрутчување.

Ова може да се случи кај луѓе кои веќе имаат некакви здравствени проблеми, како и кај постари лица чии крвни садови веќе не се силни како претходно.

Генерално, ако сте здрави и ако пиете вода, не многу долгиот престој на отворено кога е многу жешко не би требало да претставува закана по вашиот живот.

Но, не ризикувајте бидејќи сепак може да се соочите со непријатни симптоми.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава