ММР вакцината не предизвикува аутизам, покажа истражување со 650.000 деца

Загрижувачки голем е бројот на родители во светот кои одбиваат да ги вакцинираат децата, па затоа Данска спроведе масовно истражување кое покажа дека вакцините се безбедни.

mmr-vakcinata-ne-predizvikuva-autizam-pokazha-istrazhuvanje-so-650000-deca-01.jpg

Македонија и светот се преплавени од анти-ваксери, луѓе кои се сомневаат во квалитетот на вакцините и ги поврзуваат со појавата на аутизам кај децата.

Овој став почна да предизвикува проблеми на светско ниво, па во Данска беше спроведено ново масовно истражување направено на 657.461 дете кое покажа дека нема поврзаност на вакцините и аутизмот. Бројот на испитаници е огромен сè со цел луѓето да се освестат да не бидат самопрогласени доктори и да почнат да веруваат во медицината.

На универзитетот во Копенхаген со ова истражување сакаат да порачаат дека нема причина за паника и дека луѓето треба да ги вакцинираат своите дечиња со ММР вакцината.

mmr-vakcinata-ne-predizvikuva-autizam-pokazha-istrazhuvanje-so-650000-deca-04.jpg

„Идејата дека вакцините предизвикуваат аутизам сè уште е присутна. Анти-ваксерското движење само се зајакнуваше во последните 15 години. Трендот кој го гледаме загрижува“, вели Андерс Хвид, еден од истражувачите во проектот.

Поради невакцинирањето на децата, светот е преплавен со појавата на морбили и за жал има низа смртни случаи како последица од нив.

mmr-vakcinata-ne-predizvikuva-autizam-pokazha-istrazhuvanje-so-650000-deca-02.jpeg

„Анти-ваксерското движење е толку добро организирано што ситуацијата излегува од контрола. Потребни се пари за нашата порака дека вакцините се безбедни да се промовира и светот да ја чуе. Светот стана отпорен на факти и иако ги пласираме тие имаат ограничен убедувачка моќ, луѓето не прифаќаат и тоа е проблем“, вели Андрес.

„ММР вакцините не предизвикуваат аутизам. Вакцините се безбедни и се за доброто на вашите деца“, порачуваат данските истражувачи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“: 40% испитаници се соочув... Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg