Синдром на новогодишна елка – Проблем што веројатно не сте ни свесни дека го имате

Китењето на новогодишната елка понекогаш може да претставува опасност за луѓето кои имаат астма или алергии.

sindrom-na-novogodishna-elka-problem-shto-verojanto-ne-ste-ni-svesni-deka-go-imate-01.jpg

Кај овие луѓе, неретко се појавува синдромот на новогодишна елка, кој е предизвикан од мувлата од елките што несвесно ја вдишуваме во празничната сезона.

Наводно, на живите елки се најдени над 70% видови мувла кои можат да предизвикаат тешки астматични напади, замор, затнување на синусите, чешање на носот, солзење на очите и болка во синусите.

Доколку украсувате жива елка, можете да го избегнете ова ако го оставите дрвото надвор за добро да се исуши. Доколку сте алергични, најдобро е да ја тргнете елката веднаш после Божиќ.

Истовремено, редовно проветрувајте ги просториите, особено онаа во којашто се наоѓа вашата елка.

sindrom-na-novogodishna-elka-problem-shto-verojanto-ne-ste-ni-svesni-deka-go-imate-02.jpg

Топлината во домот е една од причините поради кои мувлата на дрвото станува сè поопасна за луѓето со алергии.

Природните стебла најверојатно на себе имаат мувла, но и полен што ќе ги внесете во домот, а од топлината и влагата, мувлата се развива многу полесно.

Но, и вештачките елки можат да претставуваат проблем. Причината е што најверојатно и тие се полни со мувла, како и прашина, особено ако не сте ги складирале добро.

Па, никогаш немојте да ја ставате елката во подрум ако не ја исчистите и не ја заштитите со пластична кеса или во кутија. Во текот на целата година таа ќе се наполни со прашина, а доколку во подрумот има влага, тогаш лесно ќе се развие и мувла.

sindrom-na-novogodishna-elka-problem-shto-verojanto-ne-ste-ni-svesni-deka-go-imate-03.jpg

А, колку добро и да сте ја складирале елката, пред да ја накитите добро исчистете ја.

Доколку украсувате природна елка, можете да ја испрскате со раствор од оцет и вода. Ова е евтино решение за справување со мувлата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg