Зошто ги триете забите и како да се ослободите од оваа навика?

Триењето на забите, или бруксизам, е нарушување со кое се соочуваат околу 20% од возрасните ширум целиот свет.

zoshto-gi-triete-zabite-i-kako-da-se-oslobodite-od-ovaa-navika-1.jpg

Може да биде навистина тешко да се oслободите од оваа навика, особено ако ги триете забите навечер, додека спиете.

Проблемот е што ако не преземете нешто, со текот на времето можат да настанат проблеми како ослабување на емајлот на забите и абфракција, односно губење на забната површина кај непцето.

Па, што можете да направите во врска со ова?

Како да откриете дали ги триете забите?

Постои ноќно и дневно триење на забите. Има луѓе кои ги тријат забите во текот на денот, но и луѓе кои го прават ова само додека спијат.

Повеќето луѓе кои ги тријат забите во текот на денот се свесни за својата навика, но оние од втората категорија многу често не ни знаат дека го прават тоа.

zoshto-gi-triete-zabite-i-kako-da-se-oslobodite-od-ovaa-navika-02.jpg

Ако се сомневате дека ги триете забите додека спиете, треба да обрнете внимание на неколку знаци:

  • Болка и чувствителност на забите
  • Промени во изгледот на лицето – сте забележале дека краевите на усните се спуштени надолу
  • Болки во лицето
  • Проблеми со џвакање и рани во внатрешноста на устата
  • Тапа болка кај слепоочниците, а некогаш и во долната вилица

Ако не сте сигурни, вашиот заболекар може да ви го дијагностицира овој проблем.

Како да престанете со триење на забите?

За третман за оваа навика најдобро е да се обратите кај вашиот заболекар, но добро е да знаете и кои се вашите опции.

Набавете штитник за уста. Ова е еден од најчестите третмани, но штитникот нема да го сопре триењето на забите, туку ќе ја намали штетата.

Обично штитниците се за луѓе кои ги тријат забите навечер, но ако не можете да се контролирате во текот на денот, можете да го носите и тогаш.

zoshto-gi-triete-zabite-i-kako-da-se-oslobodite-od-ovaa-navika-03.jpg

Справете се со стресот и анксиозноста. Стресот го поттикнува триењето на забите и стегањето на вилицата, па ако се справите со него, можно е да го намалите и интензитетот на бруксизмот. За ова можете да пробате медитација, вежбање, но и да побарате помош од професионалец.

Релаксирајте се пред спиење. Ако ги триете забите навечер, обидете се пред спиење да се ослободите од стресот.

Не џвакајте ништо освен храна. Ако ги триете забите, подобро избегнувајте ги гумите за џвакање и избегнувајте да ставате во уста сè што не е храна.

zoshto-gi-triete-zabite-i-kako-da-se-oslobodite-od-ovaa-navika-04.jpg

Правете вежби за јазикот и вилицата. На некои луѓе овие вежби им помагаат да го намалат триењето навечер. На пример, со врвот на јазикот притискајте го горниот дел од устата и наизменично отворајте ја и затворајте ја. Оваа вежба може да ја намали напнатоста во мускулите околу вилицата.

Пробајте ботокс. Нормално, најпрво треба да се консултирате со лекар пред да се одлучите на овој чекор. Не е сосем јасно дали ботоксот навистина помага, а бидејќи трае само од 3 до 6 месеци, ова е привремено решение. Секако, ова не е решение прифатливо за секого.

Што го предизвикува триењето на забите?

Ова нарушување може да се појави на секоја возраст. Некогаш децата почнуваат да ги тријат забите за да се смират, па продолжуваат со навиката и кога ќе пораснат.

Неретко, причината за триењето на забите е некој емоционален или психолошки проблем, како стрес, анксиозност, посттрауматско стресно нарушување и слично. Токму затоа е важно да ја откриете вистинската причина за вашиот бруксизам.

Според едно истражување од 2018-та, постојат неколку фактори што го зголемуваат ризикот од ова нарушување:

  • Пиење алкохол
  • Анксиозност
  • Пушење цигари
  • Рчење
  • Стресен живот

zoshto-gi-triete-zabite-i-kako-da-se-oslobodite-od-ovaa-navika-05.jpg

Истражување од 2019-та открило уште неколку причини за појава на бруксизам:

  • Недостаток од хранливи материи
  • Одредени антидепресиви
  • Даунов синдром
  • Искривени заби

zoshto-gi-triete-zabite-i-kako-da-se-oslobodite-od-ovaa-navika-01.jpg

Иако е тешко да се ослободите од бруксизмот, не треба да се откажете. Консултирајте се со вашиот лекар или заболекар за да ја откриете точната причина за нарушувањето, но и за да го најдете најдобриот третман за вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg