Дерматолог споделува совети за CRNOBELO.com: „Заборавете на кисело млеко за изгорена кожа и кантарионово масло за потемнување“

Во пресрет на летните одмори, високите температури и долгочасовното сончање за чоколаден тен, разговаравме со доктор Снежана, пензиониран дерматолог од Скопје, која ни препорачува паметно сончање со правилно нанесување на кремот со заштитен фактор и да бегаме од народни лекови како јогурт и кисело млеко за изгорена и црвена кожа.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-01.jpg

Со доаѓањето на летото, доаѓа и желбата за долги денови поминати на плажа и разладување во базен, езеро или море, пливање и одбојка на песок, ледени коктели и секако, тој неодолив бронзен тен на кожата кој секој го посакува.

Покрај фактот што исончаната кожа е прекрасна, сонцето е добредојдено како извор на витаминот Д кој има клучна улога во јакнењето на коските, функционирањето на мускулите и подобрувањето на циркулацијата. Но, важно е да се знае кога треба да се изложиме на сонце и како да се заштитиме од негативните ефекти кои ги има. 

Доктор Снежана е пензиониран дерматолог од Скопје, која со задоволство сподели совети за сончање, кои на сите ќе ни бидат корисни во текот на летниот период, со цел да го зачуваме здравјето.

Таа напоменува дека при купувањето на кремите за сончање треба да внимаваме не само на заштитниот фактор, туку и на филтрите кои штитат од УВА и УБВ зраците бидејќи тие ја оштетуваат кожата.

СПФ е ознака која ве штити од УБВ зраците или од црвенило на кожата, познато меѓу народот како горење на кожата, а од УВА зраците треба да се штитиме преку цела година независно од годишното време.

УВБ зраците продираат не само во епидермисот, туку и во дермисот под него, додека пак УВА зраците влијаат на стареењето на кожата и развојот на фотодерматозата како осип и акни.

Прекумерното изложување на сончевите зраци предизвикуваа побрзо стареење на кожата, појава на брчки и е голема опасност за рак на кожа.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-02.jpg

Посебни креми за бебиња, деца и возрасни

Доктор Снежана вели дека треба да се купуваат креми за сончање во зависност од возраста и да не се нанесуваат креми за возрасни на деца.

„Бебињата под две години имаат многу нежна кожа па за нив мора да се купи специјална крем за сончање со висок фактор на заштита, најдобро 50. Исто така бебињата да не се изложуваат на силно сонце долго време“ – објаснува таа и додава дека за најмалите и најмилите се препорачува утринското сонце или после 17 часот и тоа најмногу до еден час, потенцирајќи дека се потребни и млека за нега на детската кожа по сончањето.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-03.jpg

Кремите за сончање со навистина ефективна заштита можат да бидат малку поскапи, но според дерматологот, имаме добри македонски производи кои нудат цел асортиман за нега на кожа со пристојна цена и со одлична заштита во летните денови.

Докторката додава дека покрај кремите за сончање потребни се и производи за нега на кожата за после сончање кои ќе овозможат нејзино правилно хидрирање.

Таа советува дека млекото за сончање треба да се нанесе барем 15 минути пред излегување надвор за да се впие убаво во кожата и во текот на денот повеќепати да се нанесува, бидејќи, во просек, овие млека нудат најмногу до тричасовна заштита, иако некои производители велат дека е за цел ден.

Без јогурт и кисело млеко на изгорена кожа

Општопознат лек за изгорена кожа меѓу народот е нанесувањето на јогурт или кисело млеко на црвената и болна кожа. Според дерматологот, ова мора да се избегне бидејќи нема никакво дејство врз кожата, туку само моментално чувство на олеснување поради ладната температура.

Како одличен лек за кожа која долго време била изложена на сонце таа препорачува да се користат специјални масти.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-05.jpg

Како замена за јогуртот, докторката вели дека можат да се користат облоги со вода или Ациди Борици, позната како борова вода, кои ќе го смират црвенилото и болката на изгорената кожа.

Не купувајте масла од кантарион и маслинки за поцрнување

Често на плажите во Црна Гора се нуди масло од кантарион, додека на грчките плажи, маслиново масло за постигнување на бронзен тен на кожата. Ова е уште една општоприфатена народна практика која може да има негативни ефекти.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-04.jpg

„Овие две масла се етерични, а тоа во допир со сончевите зраци може да резултира во создавање на флеки и дамки на кожата“ – објаснува дерматологот.

Таа вели дека овие две масла се добри за нега на кожата после изложувањето на сонце. Според неа најдобро е да се нанесе тенок слој и по триесет минути да се исплакне со чиста вода, бидејќи во спротивно ќе ја исуши кожата.

Исто така таа потенцира дека е штетно лупењето на мртвата и изгорена кожа, додавајќи дека треба да бидеме трпеливи и да чекаме самата природно да падне.

Секои напори со сунѓер или груб пешкир можат да предизвикаат лупење на кожата повеќе отколку што е потребно, а тоа да создаде мали ранички или инфекции кои може да бидат болни.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-06.jpg

За лицата со посветол тен на кожата кои брзо се вцрвенуваат на сонце таа препорачува избегнување на директни сончеви зраци, многу крем и сенка, а истото важи и за оние кои имаат бемки, акни или лузни, потенцирајќи да го минимализираат изложувањето на сончевите зраци.

Дерматолот советува сите да бидат внимателни со изложувањето на сонце, а ако посакуваат бронзен тен тоа да го прават постепено во попладневните часови, со правилна нега за и после сончањето. И секако, туширање со чиста вода по пливањето во базени или морска вода.

dermatolog-spodeluva-soveti-za-crnobelo-com-zaboravete-na-kiselo-mleko-za-izgorena-kozha-i-kantarionovo-maslo-za-potemnuvanje-07.jpg

Се надеваме дека овие практични совети ќе придонесат да имате убав летен одмор и уживање на плажа без страв од болки и изгореници.

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg