Мапа со виолетови медузи во Грција + зошто се опасни и што треба да правите ако ве опече?

Иако виолетовите медузи се тешки за забележување, најчесто може да ги препознаете по тоа што имаат „шапка“, четири главни и осум помошни пипала, а препознатливи се по виолетовата боја. Вообичаено се со големина од 6-10cm.

Кога се млади виолетовите медузи имаат портокалово-кафеава боја, а со созревањето таа се менува.

mapa-na-grcija-kade-ima-violetovi-meduzi-shto-treba-zadolzhitelno-da-ponesete-so-sebesi-na-plazha-i-shto-da-napravite-po-ubod-04.jpg

Здравствените служби во Грција објавија листа на работи што задолжително треба да ги понесете со себеси, доколку одите на плажа, која вклучува:

  • Пластична картичка (стара кредитна картичка или сл.);
  • Пинцета;
  • Мала чашка (слична на онаа за примерок од урина);
  • Малку сода бикарбона (во сооднос 1:1 со морска вода);
  • Лекови против алергии;
  • Крем со кортизон.

Доколку имате ненадејна блиска средба со виолетова медуза, се препорачува да ги направите следните чекори:

  • Местото на изгореницата веднаш да се измие со триење со морска вода;
  • Доколку имате сода бикарбона со себеси, добро е да го мачкате местото со раствор од сода и морска вода (во размер 1:1) во траење од околу 2 минути со цел да се спречи понатамошно ширење на отровот доколку на местото останал дел од пипалата на медузата;
  • Со пластичната картичка треба да се иструга остатокот од сода бикарбона, а со пинцета да се извадат остатоците од пипала на местото на убодот;
  • На местото на изгореницата се препорачува да се стави мраз завиткан во ткаенина околу 5 до 15 минути, а можете слободно да искористите и некој леден пијалак, ќеса со замрзнат производ и слично;
  • Доколку болката не поминува, потребно е повторно да се стави мраз во период од 5 до 15 минути;
  • Доколку болката и понатаму не запира потребно е веднаш да се посети лекар;
  • Местото на изгореницата треба да се завитка цврсто со завој и во никој случај не смее на него да се нанесува оцет, свежа вода, алкохол или амонијак.

Детално упатство на фотографијата:

mapa-na-grcija-kade-ima-violetovi-meduzi-shto-treba-zadolzhitelno-da-ponesete-so-sebesi-na-plazha-i-shto-da-napravite-po-ubod-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...

Најчитани неделава