Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)?
Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не добиете топлотен удар, отколку да бидете дотерани. Затоа, носете облека од природни материјали, како лен или памук и избегнувајте темни бои.

Сите очекуваме високи температури во лето, но ако одморот ви се погоди среде топлотен бран, мора да бидете внимателни и да преземете дополнителни мерки за заштита.
Дури и ако сте млади и здрави, температурите кои достигнуваат, па и надминуваат 40 степени Целзиусови можат да ви создадат низа здравствени проблеми и да ви го расипат целиот одмор.
Кои грешки да ги избегнувате ако патувате среде топлотен бран?
Не се хидрирате правилно
Секој ден почнувајте го со чаша вода и не ја напуштајте собата без шише со вода. Ако пиете коктел или каков било алкохол, не заборавајте да испиете иста количина вода, бидејќи алкохолот дехидрира многу брзо.
Не дозволувајте да почувствувате жед, бидејќи тоа значи дека телото е веќе дехидрирано.
Планирате активности на отворено
Максимално избегнувајте да престојувате на отворено во најжешкиот период од денот.
Ако сте на море или езеро, најдобро е да одите на плажа рано наутро, па во најжешкиот период сепак да се вратите во соба или да седнете во разладен локал.
Избегнувајте ги сите други активности на отворено во најжешкиот период од денот.
Планирате премногу активности
Кога времето е многу топло, нормално е да се чувствуваме летаргично. Па, среде топлотен бран, важно е да не си задавате премногу обврски кои дополнително ќе ве изморат.
Бидете реалистични и не си создавајте притисок и непотребен стрес.
Спиете до доцна
Нормално дека сакате да се одморите кога сте на одмор, но ако ве „начека“ топлотен бран, потрудете се да станувате порано, за да можете да го искористите постудениот период од денот.
Рано одете на плажа, рано шетајте низ градот и, генерално, планирајте ги активностите што е можно порано.
Носите несоодветна облека
Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не добиете топлотен удар, отколку да бидете дотерани.
Носете облека од природни материјали, како лен или памук и избегнувајте темни бои. Можете да носите и лесна марама за да ги заштитите рамената, како и шешир.
Не го слушате вашето тело
Ако почувствувате вртоглавица, гадење или генерално не се чувствувате добро, не го игнорирајте ова бидејќи може да биде знак за топлотен удар.
Штом забележите каков било загрижувачки симптом, веднаш одете во разладена просторија и пијте многу вода.
Не ставате крем со фактор
УВ зрачењето и онака е силно, но кога има топлотен бран, шансите да изгорите се уште поголеми. Не излегувајте до соба без крем со фактор и не заборавајте да го нанесете повторно по околу час-два.
Минувате многу време на сонце
Ако сепак мора да излезете кога е најжешко, избегнувајте да минувате многу време на сонце. Барајте сенки, а можете и да се разладувате со влажна крпа за телото да не ви прегрее.
Ако сте на плажа, избегнувајте сончање во најжешкиот период од денот не само поради ризикот да изгорите, туку и поради многу големиот ризик од топлотен удар кој може да ви го расипе целиот одмор.
Спирова С. | Црнобело
