10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба)
„Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“.

Грижата за личната хигиена е нешто што се учи од најрана возраст.
Сепак, ако некој не ви кажал нешто додека сте биле мали, сосема возможно е да не сте ни свесни дека пропуштате важен чекор.
На Редит, форумџиите ги споделуваат хигиенските навики што ги практикуваат самите, а забележале дека некои луѓе ги прескокнуваат.
Дел од нив во продолжение:
„Кога ги миете забите, исчистете си го и јазикот. Само со миење заби нема да се ослободите од непријатниот мирис на здивот“.
„Добро исчистете ги ушите од задната страна. Нашите баби не ни зборувале залудно“.
„Добро истријте ги нозете и стапалата коса се туширате. Не е доволно само да ги исплакнете со вода“.
„Луѓето забораваат колку бактерии се собираат на шишињата за вода, особено на капакот. Добро измијте го шишето на секои два-три дена“
„Спуштете го капакот на тоалетната школка кога пуштате вода за да не ги разнесете бактериите низ целиот тоалет“.
„Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“.
„Мијте ги рацете кога доаѓате од надвор! Сте допреле толку многу работи, сте се ракувале со многу луѓе и не знаете какви сè бактерии има на вашите дланки“.
„Редовно чистете ги малите слушалки кои се стават во ушите. Лесно можете да добиете инфекција на увото ако не ги чистите“.
„Ако имате проблематична кожа со акни, редовно чистете го телефонот и менувајте ја навлаката на перницата секоја вечер. На навлаката остануваат масла од вашата коса, пот, продукти за коса, па дури и ако го миете лицето, пак може да ви се извалка. Јас наместо навлака секоја вечер ставам чиста маица“.
„Ако сте женско, кога одите во тоалет, секогаш бришете се од напред кон назад за да ги избегните инфекциите“.
Спирова С. | Црнобело
