„Се чувствувам безнадежно“ – 7 начини како да си помогнете со депресијата

Кога чувството на тага и негативните мисли упорно остануваат во вашата глава, кога чувствувате безнадежност, умор, недостиг од апетит, намален интерес за работите кои претходно ги обожававте... Тогаш мора да преземете нешто.

se-chuvstvuvam-beznadezhno-7-nachini-kako-da-si-pomognete-so-depresijata-01.jpg

Сосема нормално е во животот да имате добри и лоши денови и чувство на тага кое доаѓа и си оди.

Но, кога ова чувство и негативни мисли упорно остануваат во вашата глава, кога чувствувате безнадежност, умор, недостиг од апетит, намален интерес за работите кои претходно ги обожававте, тогаш можно е да станува збор за депресија.

Сепак, не грижете се, не сте сами, многу луѓе минуваат низ истото.

Што да направите и како да си помогнете?

Прво, зборувајте со некого

Ова е најважно, и не го сметајте за чувство на слабост. Обратете се на некој на кој му верувате и кажете му низ што минувате.

Ако не можете во лице, сторете го тоа преку пораки или телефонски.

Движете се

Најверојатно да бидете активни е последната работа која ви паѓа на ум, но морате, тоа е најлесен начин за да го подобрите расположението.

Кратка 15-минутна прошетка или возење велосипед и веднаш ќе имате повеќе енергија во наредните неколку часа.

Обидете се да влијаете на своите мисли

Можеби имате моментално проблеми, но потсетете се себеси да не си приредувате дополнителна доза на стрес со мислите како: „Јас сум губитник, сите мислат дека сум губитник, никогаш нема да успеам.“

se-chuvstvuvam-beznadezhno-7-nachini-kako-da-si-pomognete-so-depresijata-02.jpg

Пронајдете надеж

Природно е да ги обвинувате животните околности, особено во тешките мигови, но потребно е да пронајдете надеж и да се фокусирате на убавите аспекти од вашиот живот.

Некој пријател може да ви помогне во тоа да бидете подобри кон самите себе и да не ги прогнозирате само најмрачните сценарија.

Дадете си смисла на вашиот ден

Фокусирајте го умот на сегашниот миг, без грижи за иднината и каење за минатото. Завршете некоја домашна обврска, медитирајте, уживајте во омиленото парче торта.

Вежбајте благодарност

Кога сте депримирани, сè во животот ви изгледа црно и безнадежно, но и во најмрачните мигови сигурно постои една работа за која можете да бидете благодарни – убавината на зајдисонцето, чувството на ветер на лицето или телефонскиот повик од најдобриот пријател.

Вежбајте благодарност за малите работи во животот.

Не заборавајте на дневната доза сончева светлина.

Сончевите зраци секогаш го подобруваат расположението, затоа не заборавајте да излезете барем малку на сонце.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да препознаете дали вашето дете има крупни сипаници и како да му помогнете? Колку дена децата што имаат сипаници се заразни, како можете да му помогнете на ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg