Марија Костовска за депресијата: „Посетив 2 психолога, но ми помогна молитвата и постот од 7 дена без храна, само со вода“
„Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште со еден. Но, мене ми помогна Господ, ми помогна молитвата и ми помогна постот. Првпат во живот постев седум дена, без храна, само со вода“, вели боксерката Марија Костовска и додава дека тогаш сфатила што е всушност најголемата грешка на луѓето.

Марија Костовска (32) од Скопје е девојка која се соочувала со депресија и анксиозност, но, за среќа, успеала да се избори, а за тоа искрено проговори во гостувањето во подкастот „Red Cast“ на Кирил Трајковски – Максим.
Марија е боксерка, кик боксерка, дипломиран филозоф и моден дизајнер.

Нејзината исповед за депресијата:
„Никогаш ниту еден човек не може да нè доведе во депресија, можеме да се доведеме сами себеси од преоптовареност.

Истото мене ми се случи, затоа што спремав ревија.
Една ревија, друга ревија, па се спремав за натпреварување кое пропадна, па за уште едно натпреварување, па со деца... И се случува моментот кога едноставно нешто се крши кај тебе, само прави ПУФ и ништо.
Одеднаш таа шарена слика која ја имаш околу себе, станува црно-бела и мислам дека тој момент е најнепријатниот.

Прво, затоа што ти е чудно, не можеш да прифатиш што ти се случува. Второ, затоа што луѓето се навикнати да те гледаат позитивна и ти сакаш пред нив да изглумиш, што исто така е многу лошо според мене.
Трето, чувствуваш страв бидејќи се соочуваш со ситуација, која никогаш претходно не си ја доживеала и не знаеш како да ја опишеш.

И четврто е што се губиш самиот себе, мислам дека тоа е најлошото“.
Потоа, Марија додава дека е лошо што многу луѓе не зборуваат дека е потребно да се посети психолог.
Таа вели:
„Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште со еден психолог.
На моменти ме стабилизираше, но не доволно.
Повторно се врати анксиозноста, повторно се врати сè.

Мене ми помогна Господ, ми помогна молитвата и ми помогна постот.
Првпат во живот постев седум дена, без храна, само со вода.