8 трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од лебарките во домот без штетни хемикалии

Направете стапица со кафе или испрскајте го домот со мешавина од оцет и масло од нане - кои други трикови ќе ви помогнат да се справите со лебарките без штетни хемикалии?

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-lebarkite-vo-domot-bez-shtetni-hemikalii-01.jpg

Лебарките се проблем во многу домови, а штом ќе се појават еднаш, се чини невозможно да се ослободите од нив.

Наједноставното решение за овој проблем е да викнете служба која врши прскање против вакви штетници.

Сепак, доколку сакате да ги прескокнете пестицидите, можеби некој од следниве трикови ќе ви биде од помош:

Ловоров лист

Ловоровиот лист нема да ги убие лебарките, но тие не го сакаат неговиот мирис, па бегаат од него.

Препорачливо е да ставите 10-тина суви листови на местата од коишто излегуваат лебарките.

По една недела, заменете ги листовите со нови.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-lebarkite-vo-domot-bez-shtetni-hemikalii-02.jpg

Чили или лук во прав

Лукот и чилито исто така можат да се користат како природни пестициди.

Треба да нанесете од кој било од двата зачина на места на кои се појавуваат лебарки.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-lebarkite-vo-domot-bez-shtetni-hemikalii-03.jpg

Лимонов сок

Лебарките го мразат мирисот на лимон. Па, на местата каде што се појавуваат ставете лимонов сок.

Лимоновиот сок може да делува и како средство за дезинфекција, па ќе ги уништи бактериите што ги донеле лебарките.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-lebarkite-vo-domot-bez-shtetni-hemikalii-04.jpg

Оцет и масло од нане

Ставете оцет во шише со распрскувач и ставете неколку капки масло од нане.

Потоа само испрскајте ги местата каде што се собираат лебарки – поради мирисот, тие ќе престанат да се појавуваат.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-lebarkite-vo-domot-bez-shtetni-hemikalii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...

Најчитани неделава