Валкани предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме

Фиоката од машината за перење облека, листовите на растенијата, како и вентилаторот во бањата се места во домот кои лесно се валкаат, но повеќето забораваме да ги чистиме редовно.

valkani-mesta-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-01.jpg

Веруваме дека редовно бришете прашина, ги метите подовите и слично, но дали обрнувате внимание на сите ситници во домот?

Некои места настојуваме да ги игнорираме додека чистиме бидејќи не ни помислуваме дека се валкани.

Кoи места во домот не треба да ги запоставите?

Растенија

Можеби растенијата не се валкани со бактерии, но на нивните листови дефинитивно се собира прашина.

Ова прашина, пак, може да го попречи процесот на фотосинтеза.

Па, не заборавајте еднаш неделно да ги пребришете листовите на вашите растенија.

valkani-mesta-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-02.jpg

Глава од туш

Веруваме дека го чистите тушот, но дали темелно ја чистите главата и дупчињата од коишто излегува водата?

Ова е место каде што лесно се собира влага, која може да предизвика мувла. Покрај тоа, некогаш се таложи и бигор поради што се намалува притисокот на вода од тушот.

valkani-mesta-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-03.jpg

Врата од фрижидер

Вратата од фрижидерот е едно од повалканите места во домот бидејќи неретко го допираме откако сме допреле храна.

Препорачливо е да ја дезинфицирате вратата барем еднаш неделно.

valkani-mesta-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-04.jpg

Радијатори

Зад радијаторите, но и во самата внатрешност на некои модели, многу лесно се акумулира прашина. Но, бидејќи не ја гледаме, неретко забораваме да ги исчистиме.

Дебелиот слој прашина може да ја намали ефикасноста на радијаторот. Истовремено, ако има многу прашина, кога ќе почнете да го користите радијаторот, сигурно ќе почувствувате и непријатен мирис.

Темелно исчистете ги радијаторите пред да почне грејната сезона, а додека трае, редовно собирајте ја прашината.

valkani-mesta-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава