Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови?

Дамки во тоалетот

Ако средството за чистење тоалет не ви помага да ги отстраните дамките во тоалетот, тогаш растворете таблета така што ќе ја пуштите во школката. 

Почекајте да се раствори, а потоа искористете ја водата за да го исчистите порцеланскиот сад и лесно да ги отстраните дамките.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-05.jpg

Чистење на машината за перење

Ако вообичаените средства за чистење на машината за перење не ви помагаат да го исчистите барабанот од нечистотија, тогаш, кога машината за перење ќе ви биде празна, ставете таблета и вклучете ја на краток циклус со топла вода.

Исто така, можете да ја растворите и во вода па потоа со таа вода и со помош на стара четка за заби, да ја исчистите фиоката каде што го ставате прашокот.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-06.jpg

Исчистете ги пластичните маси и столови во дворот

Сè што ќе ви треба е кофа со топла вода, таблета за машина за садови растворена во неа и сунѓер.

Едноставно, избришете ги предметите со помош на сунѓерот натопен во растворот.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-07.jpg

Чистење на подот во кујната

На сличен начин може да ги исчистите и плочките во кујната кои се многу подложни на дамки од храна и маснотии.

Наместо специјално средство за чистење, направете сами раствор со едноставно додавање на таблетата за миење садови во сад со млака вода, а потоа поминете нежно со крпа или сунѓер.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-08.jpg

Таблетите за машината за миење садови имаат моќ за чистење, практични се и дефинтивно треба секогаш да ги имате при рака, а освен за нивната примарна употреба, тие ќе ви бидат пријател за чистење на поголем дел од домот.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава