9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат)

Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останете внатре ни 10 секунди? Што најмногу ви пречи?

9-raboti-koi-ja-nagrduvaat-banjata-a-gostite-edvaj-chekaat-da-si-izlezat-od-nea-bez-da-izmijat-race-01.jpg

Постојат луѓе кои скоро и да не обрнуваат внимание на бањата и на нејзиното уредување. Расфрлани пешкири, облека за перење, шминки на сите страни, отворена паста за заби, десетина гелови за туширање. Вистински хаос.

Но, и оваа просторија мора да биде пријатна „за око“, бидејќи тука ни почнува утрото. А, и кога ќе ни дојдат гости, не сакаме да се „згрозат“ и едвај да чекаат да избегаат, дури и пред да ги измијат рацете.

Кои ситници во бањата создаваат хаос за таа да делува валкано и несредено?

Расфрлани шминки околу мијалникот и врз машината за перење

Некогаш навистина не внимаваме каде ги оставаме шминките.

Освен што просторијата изгледа валкано и хаотично, кога се во близина на чешмата, на нив се размножуваат бактерии, бидејќи просторијата е топла и влажна.

Па, кога овие шминки ќе ги ставиме на лицето, може да си ја иритираме кожата.

Затоа е подобро во бањата да поставиме полица на која ќе ги чуваме сите шминки.

9-raboti-koi-ja-nagrduvaat-banjata-a-gostite-edvaj-chekaat-da-si-izlezat-od-nea-bez-da-izmijat-race-07.jpg

Накит оставен на мијалникот

Многу жени имаат навика навечер да го вадат накитот и да го остават на мијалникот, за утрото пак да го стават на себе.

Но, ако го чуваме накитот во влажна просторија, тој може да почне да кородира (ако е бижутерија, а не благороден метал).

Исто така, постои голема веројатност некој од семејството (или гостите што не знаат дека е врз мијалникот) случајно да го бутнат во мијалникот и да го изгубите.

9-raboti-koi-ja-nagrduvaat-banjata-a-gostite-edvaj-chekaat-da-si-izlezat-od-nea-bez-da-izmijat-race-06.jpg

Сунѓери за капење што висат над славината

Ова е нехигиенски, бидејќи секој што ќе сака да пушти вода од таму, ќе мора да ги допре за да ги премести.

А, дури и да не ги допира некој што не живее во вашиот дом, визуелно не изгледа убаво кога сунѓери висат врз чешмата.

9-raboti-koi-ja-nagrduvaat-banjata-a-gostite-edvaj-chekaat-da-si-izlezat-od-nea-bez-da-izmijat-race-04.jpg

Средства за хигиена ставени над машината за перење

Ако веќе мора да ги чувате средствата за хигиена над машината, сведете ги на најнеопходните неколку, што ги користите секојдневно.

Останатите ставете ги во кутија и складирајте ги на место каде што нема да се гледаат (и да го огрдуваат просторот).

9-raboti-koi-ja-nagrduvaat-banjata-a-gostite-edvaj-chekaat-da-si-izlezat-od-nea-bez-da-izmijat-race-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...

Најчитани неделава