Едноставни совети со кои ќе им го продолжите рокот на траење на апаратите во домот

Не оставајте предмети на лаптопот

Повеќето лаптопи, барем оние со подостапна цена, се направени од пластика.

Па, ако врз лаптопот ставате предмети, ќе го оштетите екранот.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-06.JPG

Немојте да го чистите телефонот со влажни марамчиња

Влажните марамчиња не се наменети за екрани и смартфони.

Во која било продавница за техника можете да најдете средства за чистење екрани и смартфони кои не се скапи.

А, доволно е и само да го пребришете екранот на смартфонот со сува крпа.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-07.JPG

Редовно проверувајте ја вратата од фрижидерот

Ако го имате фрижидерот веќе неколку години, препорачливо е редовно да ја проверувате вратата.

Ако фрижидерот не се затвора добро, тогаш ќе троши повеќе струја за да ја постигне температурата.

Лесно можете да проверите дали фрижидерот се затвора добро со банкнота или лист хартија – ставете ја помеѓу гумата на вратата и фрижидерот и затворете ја вратата.

Ако банкнотата или листот останат во место, тогаш вратата се затвора добро.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-08.JPG

Купете соодветна торба за лаптопот

Немојте да го носите лаптопот во обичен ранец, особено ако го носите на работа или каде било скоро секојдневно.

Обичниот ранец не ја нуди истата заштита како и специјалната торба за лаптоп.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава