8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето

Бела гарнитура

Иако изгледа стилски, белата гарнитура не е воопшто практична, особено ако имате мали деца или миленик.

Лесно се валка и ќе треба да бидете особено внимателни да не истурите нешто врз неа.

8-detali-vo-ureduvanjeto-na-domot-shto-nepotrebno-vi-go-otezhnuvaat-chistenjeto-6.JPG

Лошо испланиран мијалник

Просторот околу мијалникот во кујната треба да биде водоотпорен.

Односно, подобро е да купите мијалник со дел кој ја покрива и работната маса.

Во спротивно, брзо ќе ги видите последиците од влагата на дрвената површина.

8-detali-vo-ureduvanjeto-na-domot-shto-nepotrebno-vi-go-otezhnuvaat-chistenjeto-7.JPG

Под со текстура

Подот со текстура, како дрвени штици меѓу кои има простор, е невозможен за чистење.

Ќе треба да отстранувате прашина и нечистотии од секој процеп.

Додека во дневна или спална ова не би било многу голем проблем, за простории како кујна и ходник држете се до нешто едноставно за чистење, како ламинат или плочки.

8-detali-vo-ureduvanjeto-na-domot-shto-nepotrebno-vi-go-otezhnuvaat-chistenjeto-8.JPG

Тоалетна школка прицврстена на подот

Ако го реновирате тоалетот, тогаш вреди да купите школка која е монтирана на ѕидот.

На овој начин многу, многу полесно ќе го исчистите подот под неа.

8-detali-vo-ureduvanjeto-na-domot-shto-nepotrebno-vi-go-otezhnuvaat-chistenjeto-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава