7 трикови што сигурно ќе ви се најдат во кујна
За да им го вратите сјајот на алуминиумските тенџериња, ви треба само лушпа од јаболко, а овенатиот зеленчук можете да го „вратите во живот“ со обична вода.

Без разлика колку време минувате во кујна, штом готвите, вреди да знаете некои трикови кои ќе ви олеснат многу работи.
Седум кујнски трикови што некогаш сигурно ќе ви се најдат:
Исчистете ги алуминиумските тенџериња со кора од јаболка
Ако алуминиумските тенџериња го изгубиле сјајот поради честото користење, можете да го решите ова со лушпи од јаболко.
Наполнете го тенџерето со вода и додајте лушпи од едно-две јаболка, па ставете го на шпоретот. Зовријте ја водата и оставете да врие околу 15 минути, па измијте го тенџерето како вообичаено.
Трикот функционира бидејќи јаболката содржат киселини кои ги отстрануваат наслагите и дамките од алуминиумот.
„Освежете“ го овенатиот зеленчук со вода
Ако имате лиснат зеленчук, како спанаќ или марула, кој е овенат, но не е скапан, немојте да го фрлате.
Наполнете сад со вода и ставете го зеленчукот да отстои околу еден час. Тој ќе впие дел од водата и ќе се врати во „нормална“ состојба.
Јаболков оцет за непријатен мирис
Јаболковиот оцет има силен мирис, но помага во отстранувањето на непријатните мириси во кујната, а брзо ветрее.
Ако чувствувате непријатен мирис од шпоретот, корпата за ѓубре или каде било, на тоа место ставете сад полн со јаболков оцет.
Оставете го да отстои преку ноќ и тој ќе ги „впие“ и елиминира лошите мириси поради оцетната киселина.
