7 трикови што сигурно ќе ви се најдат во кујна
Искористете ја микробрановата за да стопите путер
Ставете го путерот во длабок сад, како тегла, кој е погоден за микробранова печка.
Покријте го садот со хартиен бришач (но не од рециклирана хартија бидејќи во него може да има ситни честички метал), па ставите го во микробранова.
Микробранова за повеќе сок од цитрусно овошје
За да исцедите повеќе сок од цитрусните овошја како портокал или лимон, ставете ги во микробранова 15-тина секунди пред да ги исцедите. Потоа извалкајте го меѓу дланките или на работната маса, па исцедете го.
Топлината од микробранова печка ја омекнува внатрешноста на овошјето, па затоа и ќе добиете повеќе сок.
Спасете ги пресолените супи со компир
Ако ставите многу сол во сос, супа или чорба, а не сакате да додавате уште вода, можете да ја спасите со компир.
Ставете цел лупен компир внатре, додека уште се вари – тој ќе го впие вишокот сол и на крај само фрлете его.
Претворете го путерот во намаз со миксер
Ако ви треба путер за да го користите како намаз на двопек или, пак, на пченка, ставете го во сад за матење со малку вода. Потоа изматете го со миксер.
Со ова не само што путерот ќе се размачкува многу лесно, туку и ќе му се зголеми волуменот.
Спирова С. | Црнобело
