5 класични техники за да го направите домот пријатен, а ги користат дизајнерите
Не мора секој празен простор во просторијата да биде пополнет, но важно е да имате детали кои ќе му дадат топол изглед на домот. Што друго можете да направите за вашиот дом да биде пријатно местои за живеење? Експертите имаат 5 совети.

Постојат простории кои можете да го гледате постојано, да седите во нив со часови и да се восхитувате колку се пријатни. И не затоа што се уредени луксузно или по најнов дизајн, туку затоа што имаат душа.
А за да се постигне тој ефект, дизајнерите користат неколку класични техники.
Па ако сакате да го постигнете овој ефект на удобност, топлина и пријатност, следете ги (или барем дел од нив) - резултатите ќе ве изненадат.
Кои се техниките со кои дизајнерите може да го направат секој дом да биде пријатен и топол?
Играјте си со текстури и контраст
За да постигнете ефект на удобност, потребно е во просторијата да има контраст.
На пример, мат керамиката оживува кога е во близина на сјаен метал, кадифето е подоминантно кога се комбинира со дрво, а памукот ја нагласува луксузната нишка на свилата.
Одлични комбинации се и оние на старо со ново, мазно со рапаво, винтиџ со модерно.
Сите тие создаваат слика на длабочина, живост и богатство на ентериерот.

Приспособете ги светилките и атмосферата ќе се смени
Еден од најлесните начини да создадете пријатна атмосфера во домот е со светилки на неколку различни нивоа.
Дизајнерите многу ретко се потпираат само на едно осветлување, т.е лустер на таванот.
Тие ставаат и подни ламби, свеќнаци на масата, странични ламби во некој агол, странични светилки на ѕидовите.
Сето ова создава поинаква атмосфера - романтична и пријатна.

Додајте малку боја
Бојата прави голема разлика во просторијата, а доволна ви е само една нијанса за да го „спои“ целиот простор, да го направи компактен но и да го смени (на подобро) начинот на кој се чувствуваме кога сме во него.
Затоа, бидете похрабри и сменете ја бојата на ѕидовите, барем во една соба.

Важни се деталите
Не мора секој празен простор во просторијата да биде пополнет, но важно е да имате детали кои ќе му дадат топол изглед на домот.
Тоа може да биде поголема полица со книги, неколку свеќи поставени на масичката за кафе, вазна или украсен држач за клучеви во ходникот, омилени ситници во спалната соба.
Оваа техника е едноставна, а прави голема разлика.

Многу текстил значи голема удобност
Убави завеси, украсни перничиња, платнени салфетки кога го послужувате јадењето - сето ова создава ефект на удобност, дури и ако ентериерот е минималистички.
Текстилот може да направи чуда - малку кадифе, малку лен, некое свилено парче - и домот веднаш има душа.

А. Ј. | Црнобело
