Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Ставете го сувото овошје во вода ако печете со него
Ако правите печен десерт со суво овошје, прво ставете го овошјето во жешка вода околу 10 минути.
Ова малку ќе го „рехидрира“, па десертот ќе биде посочен.
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија
Ако често користите кујнска вага, тогаш ви е јасно дека е особено тешка за чистење.
За да се спасите од оваа обврска, секогаш покривајте ја со најлонска фолија кога ја користите.
Ставете најлонска фолија на теглите
Ставете најлонска фолија на отворот на теглата пред да ја затворите. Со ова, капакот нема да се залепи и полесно ќе ја отворате.
Омекнете го путерот со сукало
Ако за некој рецепт ви треба путер на собна температура, лесно можете да го омекнете со сукало.
Ставете го путерот во чиста најлонска кеса, најдобро зипер, па удирајте го со сукало или дрвена лажица.
Со овој трик, нем постои ризик многу да го стопите.
Спирова С. | Црнобело
