Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја користите.

Без разлика дали готвите само повремено или кујната ви е омиленото место во домот, веруваме дека новите трикови ви се добредојдени.
Осум трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна:
Загрејте ја тавата пред да ставите масло
Кога пржите нешто, оставете ја тавата на оган минута-две да се загрее, па потоа додајте го маслото.
На овој начин маслото ќе се загрее порамномерно, храната ќе се испржи подобро, а и помала е веројатноста да ви се залепи на неа.
Ставајте сол со прстите
За рамномерно да ја посолите храната, секогаш е подобро да ја ставате солта со прсти.
Ставајте ја и од повисоко, за да не падне само на едно место.
Не ја фрлајте целата вода во која ги варите тестенините
Водата во која се вареле тестенините има скроб. Поради ова, можете да ја додадете во сосот за да згусне.
Додајте јаткасти плодови во преливите за салата
Ако правите прелив за салата, додајте и малку јаткасти плодови, без разлика дали ореви, бадеми или нешто друго, и изблендирајте ги заедно. Истиот трик може да ви послужи и за смути.
Ова ќе им даде одлична арома, но и ќе ги збогати со хранливи состојки, без многу калории.
