Грешки во чистењето на домот за кои не сте ни свесни дека ги правите

Дали прво ги чистите подовите? А, дали ја користите правосмукалката со преполн резервоар?

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-01.jpg

Чистењето е навика што треба да ја стекнеме сите и иако неизбежен дел од секојдневието, многумина прават некои грешки.

Со ова, само си ја отежнуваат работата и права целиот процес да трае многу подолго.

Шесте најчести грешки што можеби ги правите и вие:

Го триете тепихот кога чистите дамка

Триењето нема да ви биде многу од корист ако чистите дамка од тепихот.

Од една страна, може да го оштетите, а од друга, може да ја „втиснете“ дамката подлабоко во ткаенината.

Ако ви се истури нешто течно, најпрво треба да го впиете со хартиен бришач или крпа.

Потоа нанесете средство за чистење теписи, оставете да делува (според упатството), па со влажна крпа истапкајте ја дамката.

Ако дамката е веќе исушена, тогаш можеби ќе треба и да триете. Затоа важно е да го исчистите тепихот веднаш штом ви се истури нешто.

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-02.jpg

Ги чистите прозорците со кружни движења

Ако користите кружни движења, на прозорецот (или огледалото) ќе останат траги од средството.

Најдобро е прво да ги избришете со хоризонтални движења, а потоа уште еднаш, со вертикални.

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-03.jpg

Не сте трпеливи

Ако некое средство за чистење пишува дека треба да отстои, тогаш бидете трпеливи и почекајте.

Средствата за потврдокорни дамки, како во рерна, се мошне ефикасни, но само ако им дадете време да делуваат.

Дури и на средството да не е наведено да почекате, секогаш е подобро да го оставите неколку минути за да не мора да триете.

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-04.jpg

Тавите од леано железо ги чистите како другите садови

Тавите од леано железо се мошне квалитетни, но и поскапи, па сигурно не сакате да ги уништите.

Ваквите тави не треба да се чистат со средство за садови бидејќи ќе ги оштети и храната ќе почне да се лепи на нив.

Откако ќе завршите со готвење, оставете ја тавата да се исуши и отстранете ги остатоците од храна.

Потоа темелно измијте ја само со топла вода.

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-05.jpg

Дозволувате правосмукалката да се преполни

Не мора да ја празните правосмукалката по секое користење, но штом резервоарот е полн до половина, тогаш е време да ја исчистите.

Кога резервоарот е полн, правосмукалката не е исто ефикасна. Покрај тоа, побрзо се загрева и можете да ја оштетите.

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-06.jpg

Прво ги чистите подовите

Кога го средувате целиот дом, подовите треба да бидат последни.

Ако прво ги исчистите подовите, а потоа бришете прашина или ги средувате масите, подот пак ќе се извалка. И, ќе треба да го чистите уште еднаш.

greshki-vo-chistenjeto-na-domot-za-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg