Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови

Брзо стоплете ги состојките со вода

За некои рецепти потребно е јајцата и путерот да бидат на собна температура.

Ако не ви се чека, можете да ги ставите во сад со топла вода околу десет минути.

Секако, осигурете се дека путерот е добро затворен во оригиналната амбалажа.

kako-da-ja-spasite-presolenata-supa-i-ushte-7-korisni-kujnski-trikovi-6.JPG

Загрејте ја тавата пред печење

Кога печете зеленчук или компири, односно храна што треба да ја превртите за да се испече рамномерно, полесно е да ја загреете тавата.

Откако малку ќе се згрее, дури тогаш ставете ја храната.

Но, овој трик не е препорачлив за слатки, торти и колачи, туку само за солено јадење што треба да се превртува.

kako-da-ja-spasite-presolenata-supa-i-ushte-7-korisni-kujnski-trikovi-7.JPG

Капа за туширање за чување остатоци од храна

Капите за туширање можете да ги користите за покривање на садовите со храна.

Имаат ластик кој ќе ги држи во место, а за разлика од најлонската фолија, можете да ги измиете и одново да ги искористите, што значи ќе правите помалку отпад со пластика.

kako-da-ja-spasite-presolenata-supa-i-ushte-7-korisni-kujnski-trikovi-8.JPG

Чувајте ја најлонската фолија во фрижидерот

Најлонската фолија се тутка многу лесно, но ќе го решите овој проблем ако ја чувате во фрижидерот.

Кога е на пониска температура, станува покрута, па ќе ви биде полесно да ракувате со неа.

kako-da-ja-spasite-presolenata-supa-i-ushte-7-korisni-kujnski-trikovi-9.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg