Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава
Не ја чистите веднаш по употреба
Веќе спомнавме дека влагата може да ја оштети нелепливата тава.
Затоа, не ја оставајте да кисне во мијалникот, туку измијте ја и исушете ја веднаш по користењето.
Готвите храна со висока киселост
Храната како доматен сос има висока киселост. Па, ако често ја користите нелепливата тава за ваква храна, со текот на времето ќе се оштети.
Во ред е ако треба да додадете малку лимонов сок или оцет, но за сосови со домати и слично, подобро користете друга тава, наменета за тоа.
Не ја чувате соодветно
Кога сме со ограничен простор во кујната, нормално е да ги редиме садовите едни врз други.
Но, избегнувајте го ова со нелепливата тава.
Врз неа не треба да стои ништо што би можело да го изгребе заштитниот слој.
Ја користите со години
За жал, ни најдобрата нелеплива тава нема да ви трае вечно.
Ако ја користите многу често, тогаш би требало да ја замените по околу пет години.
Секако, избегнувајте да ја користите и ако е изгребана, оштетена или се лупи бидејќи тогаш може да ослободи штетни хемикалии во храната.
Спирова С. | Црнобело
