„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време
Влакната од гарнитурата соберете ги со гумена ракавица, а блендерот само наполнете го со вода и средство за садови, пуштете го и исплакнете го.

Ако не сте личност која ужива во чистењето или ако, едноставно, немате многу време на располагање, веруваме дека ќе ви се најдат нашите трикови.
Седум „мрзливи“ трикови за чистење:
Гумена ракавица за чистење влакна
Дефинитивно најголемиот проблем кај милениците (со крзно) се влакната. Дури и да немате миленици, низ домот сигурно ви паѓаат и влакна од косата.
Но, лесно можете да ги отстраните со гумена ракавица. Ставете ја на раката и само поминете со неа по површините каде што има влакна.
Влакната ќе се залепат на гумената ракавица и ќе ги отстраните полесно отколку со самолепливи ролери.
Восочна хартија за прашина
Ако ве мрзи постојано да ја бришете прашината од високите шкафчиња и висечките елементи, можете само да ставите восочна хартија на нив.
Прашината ќе се залепи на хартијата, па кога ќе се собере повеќе, само заменете ја со нова.
Обложете го фрижидерот
Чистењето на фрижидерот е далеку од забавна активност и навистина одзема многу време.
За да го чистите поретко, обложете го со хартија – не заборавајте да ставите и на полиците на вратата.
На овој начин, дури и да ви се истури нешто, само ќе треба да ја замените хартијата, без да ги вадите полиците и да ги чистите.
