„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време
Трик за чистење на главата од тушот
Ако живеете на место каде што водата има многу бигор, како Скопје, важно е редовно да ја чистите главата од тушот.
Но, нема потреба да триете, туку само да ја покиснете во оцет.
Извадете ја главата, ставете ја во кеса и наполнете ја со бел оцет, па затворете ја. Оставете ја да отстои преку ноќ и следното утро исплакнете ја – целиот бигор ќе биде отстранет.
Трик со навлака за перница
Ако имате тавански вентилатор, лесно можете да го исчистите со навлака за перница.
Ставете ја навлаката, како на фотката подолу, и само нежно повлечете за да ја исчистите површината.
Вентилаторот ќе биде чист, а прашина нема да се разлета поради навлаката.
Максимално искористете ја машината за садови
Во машината за садови можете да чистите и други работи.
Пластични играчки, садови за сапун, сунѓерчиња и четки – сето ова се работи што можете да ги исчистите во машината за садови.
Трик за брзо чистење блендер
Воопшто не мора да употребите сунѓерче кога го чистите блендерот.
Веднаш штом ќе завршите со него, наполнете го со вода и средство за садови, па пуштете го. Потоа само исплакнете го.
Важно е да се напомни дека овој трик нема да функционира ако блендерот стоел валкан и храната во него се засушила.
Спирова С. | Црнобело
