8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари

Не ја чистите рерната

Кога ќе ви капне храна во рерната, препорачливо е веднаш да ја исчистите.

Не мора темелно да ја чистите целата рерна, туку отстранете ја само храната што се истурила.

Ако ја оставите, храната ќе се стврдне и ќе биде многу тешко да ја отстраните. Исто така може да има влијание врз мирисот и вкусот на храната што ќе ја готвите.

osum-greshki-niz-domot-koi-moe-da-ve-chinat-mnogu-pari-06.JPG

Ја трескате влезната врата

Ако често ја трескате влезната врата кога ја затворате, може да се искриви, а ова значи дека ќе почне да има и провев.

Во зима, овој провев ќе ја намалува температурата во домот, што значи ќе ви треба повеќе енергија за да го загреете.

osum-greshki-niz-domot-koi-moe-da-ve-chinat-mnogu-pari-07.JPG

Не го чистите филтерот на машината за сушење облека

На филтерот на машината за сушење облека се собираат влакненца и прашина од облеката.

Ако не го чистите, не само што машината нема да работи како што треба, туку го зголемувате и ризикот од пожар.

Добро би било барем еднаш месечно да проверувате дали му треба чистење.

osum-greshki-niz-domot-koi-moe-da-ve-chinat-mnogu-pari-08.JPG

Не ги чистите/менувате филтрите во домот

Филтрите на електричните апарати, како правосмукалки, филтерот на клима уредот и сите филтри низ домот е важно редовно да се чистат, но и да се заменуваат.

Ако ги игнорирате, уредите нема да работат соодветно и може да трошат повеќе енергија. Исто така, може и да го оштетат уредот со текот на времето.

osum-greshki-niz-domot-koi-moe-da-ve-chinat-mnogu-pari-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава