12 работи кои цел живот ги чистите погрешно

Сите научивме како да чистиме од родителите, а тие пак од нивните родители и така натаму. Чистењето на предметите можеби е најстарата навика која се пренесува од генерација на генерација. Но, што ако ви кажеме дека со години домот го чистите погрешно?

12-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-01.jpg

Рерна - направете паста од вода и сода бикарбона, испрскајте по внатрешноста, оставете ја преку ноќ, а потоа со влажна крпа пребришете. Ако остане нешто, препрскајте со оцет и повторно избришете.


Даска за сечење
- течноста за миење садови не е доволна за да ја одржите чиста, посебно ако даската е дрвена. Пред сапунот и водата, земете половина лимон и 1 лажица сол. Темелно истријте ја површината, а потоа измијте.


Тава за печење
- кога жицата не помага, направете мешавина од ¼ шолја сода бикарбона и хидроген додека не добиете паста. Со неа истријте ја тавата и оставете да делува неколку часа.


Туш
- бришењето нема да помогне, па затоа во една кеса за замрзнување ставете малку оцет и врзете ја со ластиче. Оставете 1 час, па пребришете со крпа.

12-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-02.jpg

Душек - ставете сода бикарбона низ целиот душек, почекајте неколку часа, па исчистете со правосмукалка. Тоа е се!


Ренде
- кога ќе завршите со рендањето на некои лепливи состојки, земете еден компир и изрендајте го пред миењето. Киселината од компирот брзо ги чисти сите остатоци од храна, па потребно е само да го исплакнете.


Микробранова
- не мора да ја чистите со сунѓер, постои подобар начин. Наполнете еден сад со вода и оцет, а потоа ставете го на висока температура 2 минути. Внимателно отворете, затоа што микробрановата ќе биде полна со пареа. Пребришете со сува крпа и воодушевете се од резултатите.


Играчки
- соберете ги и исперете ги во машината за садови. Само внимавајте на материјалот.

12-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-03.jpg

Ролетни - намокрете една стара чорапа во мешавина од вода и оцет и со неа избришете ги ролетните една по една.


Мрсна тава
- сјајот тука не помага, затоа пробајте да ја истриете со крупна сол и малку вода.


Слики
- наместо да се мачите со посебни крпи, земете парче леб и со него пребришете ја сликата.

12-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-04.jpg

Блендер - ставете топла вода и прашак за садови. Пуштете го да работи неколку секунди. Потоа добро исплакнете.

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава