Навики кои ги поседуваат луѓето чии домови се секогаш чисти

Ако често ви доаѓаат ненајавени гости, а вие ги дочекувате вцрвенети од срам поради нередот во вашиот дом, тогаш време е да ги присвоите овие навики.

naviki-koi-gi-poseduvaat-lugjeto-cii-domovi-se-sekogas-cisti-001.jpg

Не морате секој ден да бидете со правосмукалката и крпата за прашина во раце, туку доволно е да ги откриете тајните навики на луѓето чии домови се секогаш уредни:

Го средуваат креветот

Пред да излезат од својот дом прво го средуваат својот кревет. Дури и ако сте во брзање само повлечете ја постелнината, наместете ги перниците, тоа нема да ви одземе повеќе од 1 минута, а ќе ве спаси од срам.


Ја празнат машината за садови секое утро

Наутро испразнете ја машината и подгответе ја за тековниот ден. На тој начин валканите чинии ќе ги ставате директно во неа, а не насекаде низ кујната.


Организираат

Ако низ станот имате доволно полици и доволно кутии во кои ќе ги организирате ситниците, тогаш бидете сигурни дека нема да живеете во дом во кој ништо не е на своето место.


Не одложуваат

Колку повеќе чекате да се соберат чинии за да ги измиете, толку потешко ќе го средите нередот. Луѓето со чисти домови никогаш не го одложуваат чистењето за подоцна, бидејќи знаат дека така ќе имаат двојно повеќе работа.


Чистат зад себе

Можете да го минимизирате нередот со тоа што ќе чистите зад себе. Не ја оставајте на маса чашата од испиеното кафе, туку измијте ја во кујната.


Планираат однапред

Однапред планираат што да облечат следниот ден, па така нема непотребно да го растурат гардероберот. Секогаш пред да чистат однапред ги набавуваат потребните средства и никогаш не чекаат до последен момент. Со планирањето однапред, работата секогаш се завршува многу побрзо. 

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава